- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Новогодишните празнични денови можат да се опишат како период на луксуз, а тој е видлив насекаде – од фустани во кои светките и кадифето водат главен збор, преку мејкап изгледи во кои избираме нијанси кои во остатокот од годината најчесто ги прескокнуваме, се до маникири со кои постигнуваме печат на секоја комбинација на облека. Импресивните и ефектни маникири се идеални за сезоната на празници, а сите љубителки на светки и сјајни лакови за нокти сега ќе дојдат до израз.

Трендовски маникир со кој ќе влезете во новата година!

Доколку барате совршен маникир со кој ќе ги одбележите последните денови од оваа година и со кој на трендовски начин ќе влезете во новата година, ви нудам неколку одлични предлози! Овие маникири на кои и љубителките на минималистички маникир, кои вечно се наклонети кон црвени или нуд нијанси, тешко дека ќе останат имуни. Сребрените и златни светки изгледаат прекрасно во комбинација со црна, бела и темно сина боја, давајќи вистински „празничен изглед“. Сите кои што сакаат нешто поедноставно, секогаш може да поиграат со nail art и додавање на само неколку светки кои ќе изгледаат најдобро на потемни нијанси.

Најдобрите идеи од Инстаграм од кои може да добиете инспирација!

Се разбира, не треба да се заборават омилените мотиви за овој период од годината – ѕвездите! Тие одамна го најдоа своето место на ноктите, а секоја сезона доаѓаат во уште подобри и пооригинални изданија. Доколку имате закажан термин во некој салон за убавина или планирате да направите совршен домашен маникир, еве неколку од најдобрите идеи од Инстаграм од кои може да добиете инспирација.

- Реклама -