- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Можеби веќе сте налетале на овој прекрасен златен прстен во овална форма на вашиот Инстаграм. Можеби ви се чини дека ова е само уште еден прстен чија единствена цел е да служи како моден додаток. Но, тој е многу повеќе од тоа! Дизајнер на прстенот е Betina Goldstein – една од најпознатите уметници за нокти во светот. Таа специјално го создаде за да може да се користи како мини палета за производи за шминка.

Betina создаде нешто што е специјално дизајнирано за потребите на уметниците за нокти и шминкерите, а сепак изгледа убаво дури и кога го носиме самостојно. Така The Artist Palette Ring се придружи на понудата на нејзиниот луксузен бренд Doublemoss Arte и стана сензација на Инстаграм за само неколку дена по лансирањето. Прстенот е изработен од цврст месинг, со рамна горна површина и два „бунари“. Во нив можете да ставите лак за нокти, лепак за трепки или разни пигменти за очи и усни, односно се што ви треба во одреден момент за да го создадете посакуваниот мејкап изглед.

The artist palette ring служи како палета и најубав моден додаток!

Дизајнот на прстенот е создаден за да ви го олесни процесот на шминкање или создавање на nail art без да создадете неред. Големината на прстенот е прилагодена да одговара на повеќето луѓе. Друг клучен дел од дизајнот е употребата на месинг со највисок квалитет. Тоа значи дека можете да користите алкохол или ацетон за чистење на производите од палетата.

- Реклама -

The Artist Palette е одговор на Betina Goldstein на предизвиците со кои се соочуваат професионалните шминкери додека работат на различни снимања. Како уметник за нокти, таа обично креира маникир на модел на кој истовремено стилист работи на нејзината коса, а шминкер на нејзиниот мејкап изглед со цел што побрзо да ја подготват да застане пред фотоапаратот или камерата. Тие честопати се наоѓаат во тесен простор со малку место за производите со кои работат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Doublemoss Arte (@doublemoss_arte)

Таа го испробала секој трик што и паднал на ум, од употреба на специјална ракавица до разни палети. Не само што била неуредна, туку и непрактична. Нејзиното иновативно решение е навистина возбудлива промена и добредојдена помош. Алатките на брендот Doublemoss Arte се дизајнирани на професионално ниво, а овој прстен може добро да ви послужи пред огледало во бањата, додека внимателно ги ставате трепките или правите француски маникир на каучот во дневната соба. Овој елегантен прстен е практичен за бјути ентузијастите, како и за професионалците на кои често им е потребна дополнителна рака. Покрај тоа, прстенот е навистина убав и единствен моден додаток.

The Artist Palette Ring можете да го набавите тука.