- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Мора да признаеме дека има нешто смирувачко во создавањето на домашен маникир со сопствени лакови. Многу од нас се потпреа на сопствените креации и заборавивме на комплицираната nail art техника. Во прилог ни одеа и трендовите во маникирот, бидејќи едноставните бои и нокти во различни нијанси беа сè што посакувавме, а сето тоа уште беше и модерно. Сепак, не престануваме да бараме инспирација за нови трендовски маникири. Потребен ни е некаков минималистички дизајн, кој потенцијално може да се создаде дома, но кој изгледа елегантно и шик, а тоа е микро маникирот.

Што е микро маникир?

Се работи за микро или тенок француски маникир. Тој е едноставен, минимален и ќе биде најголем тренд за нокти. Повеќето бјути ентузијасти истакнуваат дека микро маникирот претставува модерно толкување на традиционалниот француски маникир. Главната разлика помеѓу нив е дебелината на врвот. Кај микро маникирот врвот на ноктот е обоен со што е можно потенка линија која се стеснува на краевите на ноктите. Покрај тоа, бојата што ќе ја изберете за врвовите на вашите нокти се нанесува на транспарентна или нуд основа.

Овој стил целосно е универзален. Стана толку популарен избор, бидејќи е еден од најпознатите стилови во маникирот, без оглед на обликот и должината на ноктите. Покрај тоа, кога правилно ќе се направи, ги издолжува и ги надополнува ноктите. Со малку трпеливост и вежбање, овој маникир можете да го креирате самостојно, дома. Само одвојте доволно време, затоа што на почетокот изработката може да потрае. Бидете подготвени да вежбате и да поминете време подготвувајќи ги вашите нокти. Ако бидете упорни и трпеливи, тогаш и вашиот резултат нема да помине незабележано.

- Реклама -