Boss Bottled открива поглавје од кампањата „Мажот на денешницата“ со мисија: да ги инспирира мажите да му покажат на светот кои се тие, преку своите дела и вредности според кои ги живеат нивните животи.
Што денес значи мажественоста?
Еден од најкултните машки мириси во последните 20 години, Boss Bottled ја лансираше првата Man of Today кампања во 2014 година со цел да поттикне глобална конверзација за тоа што во денешниот свет значат модерната мажественост и успехот. Сега, Boss Bottled се обидува да ги поттикне мажите насекаде да ги споделуваат и да ги слават нивните различни идеали за успех, со постојано мерење на секој момент против нивниот сопствен збир од кодови. Со цел да го направи ова, Boss Bottled преку фотографија ќе покаже што денес значи мажественоста и како таа еволуирала.
Chris Hemsworth маж кој дејствува според неговите правила!
Следното поглавје од Man of Today кампањата е оживеано преку Boss Bottled глобалниот амбасадор и актер Chris Hemsworth, маж кој постојано дејствува според неговите сопствени правила на интегритет и почит.
„Во Man of Today кампањата се работи за претставување на идејата дека делата зборуваат погласно од зборовите, принцип кој јас отсекогаш сум се обидувал да го применувам и според него да го живеам мојот живот. Едно е да се каже дека ќе направите нешто и да го поддржите, но сосема друго е да го сторите тоа. Тоа е став и однесување кое моите родители ми го подариле и пристап кој се надевам дека ќе го пренесам и на моите деца исто така. Станува збор за квалитетите на искреност и морал, што претставува одлична порака да се биде дел од неа“. Chris Hemsworth – Boss Bottled амбасадор.
Маж од збор, цврст со стил, секој час, секој ден!
Кампањата ќе биде врз темелите на успехот на првата кампања, со цел да ги охрабри мажите низ целиот свет да му покажат на светот дека тие се мажи од збор, цврсти мажи со стил, секој час, секој ден. Chris Hemsworth се смета за Man of Today, односно мажот на денешницата во динамичната позадина на модерен, урбан хоризонт.
Boss Bottled! Бидете мажот на денешницата!
Елегантните, дрвенести ноти на мирисот, рефлектираат комплексна структура која е исто толку разноврсна и богата со контрасти, како и мажот кој ја носи. Час по час, мирисот се развива и отвора еден нов поинаков квалитет, кој инспирира и останува со Boss мажот во текот на целиот ден. Резултатот е мирис кој останува модерен и актуелен и денес, исто како што бил и на лансирањето, симбол на мажественоста кој лесно беше вклучен во секојдневните рутини на мажите ширум светот.