- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Парфемот Alien на брендот Mugler, лансиран во 2005 година како необичен и моќен мирис на јасмин, кашмир и килибар, дефинитивно е еден од најголемите икони на модерните парфеми. Оваа есен 2019 година Mugler ја претстави новата кампања за Alien на која како ново заштитно лице се јавува манекенката Jourdan Dunn. Името на новата кампања е „Биди Извонредна“ (Be Extraordinary).

Alien – мирис кој шири божествена енергија што ја надминува реалноста!

Alien е конципиран како мирис кој шири еден вид божествена енергија што ја надминува реалноста за да ја открие извонредната женственост. За толкување на Mugler жената, модерна хероина со неодолив магнетизам, беше избрана британската манекенка Jourdan Dunn за да ја претстави современата, динамичната и спонтаната женственост.

- Реклама -

Нова кампања со Jourdan Dunn која делува блескаво и моќно!

На пејзажот со пустински дини, се појавува Alien жена облечена во извајана целина и делува блескаво и моќно. Таа дава живот на оазата со цвеќиња во боите на парфемското шишенце, означувајќи ја графичката метафора на креацијата.

Рекламното видео е снимено во режија на Nur Casadevall, а како директор на фотографијата се јавува Simon Chaudoir.