- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Со доаѓањето на постудените денови, најголем акцент се става на промените што се случуваат во плакарот, но исто како што сезонски ја менувате гардеробата, треба да направите и промена во козметичкиот несесер. Есента е резервирана за нови рутини за убавина кои вклучуваат повеќе производи што ги користите на лицето, а производите обично имаат потешки и мрсни формули, затоа што лицето мора да биде заштитено од штетните надворешни влијанија како што се ветер, студ и сув воздух заради загревањето во затворен простор. Сепак, честопати правите грешки за кои не сте ни свесни, а во продолжение ви ги пренесувам мислењата на дерматолозите за најчестите грешки.

Пената за чистење на лицето не е добар избор!

Се започнува со производите за чистење на лицето, а во зимските денови пената не е добар избор, бидејќи премногу е агресивна за лицето и може да ги отстрани природните масла од површината на кожата. Една од причините за чувството на затегнатост на кожата може да биде фактот дека сте ги отстраниле природните масла од лицето. Губењето на природните масла, кожата ќе се обиде да ги надомести со дополнително производство на себум, со што кожата ќе биде повеќе мрсна, што не е цел за никого.

Наместо пена за чистење на лицето, свртете се кон производи за чистење базирани на масла или производи со кремаста формула.

- Реклама -

Лесните серуми не се за зимски денови!

Со доаѓањето на постудени денови, неопходно е да се заменат лесните и воздушести формули со оние помрсни и потешки. Ако имате сува или дехидрирана кожа, неопходно е да имате силна навлажнувачка крема која ќе ја нахрани и заштити кожата од ниските температури и силниот ветер. Многу е важно да се создаде заштитна бариера на кожата што ќе и помогне да ја задржи влагата.

Прескокнување на крем со заштитен фактор!

Сонцето е една од главните причини за стареење на кожата, па затоа неопходно е да се користи крем со заштитен фактор во текот на целата година, не само во лето. За време на студената сезона се препорачува крем со SPF 30, без оглед на тоа што многу луѓе мислат дека кремот не е потребен затоа што зрачењето не е толку силно како во текот на летото. Во последно време сè повеќе се става акцент на заштитата на лицето од зрачење од екранот на компјутерот и мобилниот телефон, така што кожата треба да биде заштитена од UVA и UVB зрачење.

Занемарување на исхраната!

Она што го консумираме е исто толку важно, ако не и поважно од она што го нанесуваме на лицето за да ја задржи кожата здрава и блескава. Во зима, експертите препорачуваат земање додатоци во исхраната, како што е витаминот Д, кој може да помогне во лекување на состојбата на кожата, како што е сува кожа. Витаминот Д е идеален за одржување на кожата да биде еластична и здрава.