- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Како уметник кој бара совршенство во се, Елена Ристеска го започна патот за создавање на козметички бренд кој ќе ја пренесе нејзината единствена уметничка визија во уникатна козметичка линија посветена на оние со специфичен стил и силно чувство за индивидуалност.

Era приказната ќе ги инспирира и мотивира сите да си ги остварат своите соништа!

Зората на новата ера во козметиката започна со лансирањето на двата парфеми Era – за жени и за мажи, два многу уникатни мириси кои произлегуваат од потрагата по совршенство.

Мирисните ноти ги изнесуваат од вас вашите најнегувани сеќавања, кои инспирираат да живеете во сегашноста и ве прават оптимистични за иднината. Секогаш бидете лојални на вашите соништа и тежнејте кон квалитет и совршенство, без разлика на времето и напорот потребен за истите. Се надевам дека оваа приказна ќе ги инспирира и мотивира сите да си ги остварат своите соништа“ – Елена Ристеска

- Реклама -

Деликатна свежина што ќе ве опкружува и трае цел ден! Era Eau de Parfum For Women

Женскиот парфем Era е модерен мирис со егзотична и цветна хармонија. Гламурозен и восхитувачки парфем кој носи еден нов концепт за женственост.

Мистичен, цветен, сензуален и егзотичен!

Егзотичната и сензуална нота на анасонот кој се користи најмногу на Блискиот исток, Италија и Индија му дава на парфемот интензитет и специфичност, сето тоа надополнето со свежина и енергична привлечност на коријандерот. Нежната арома на гарденија ја дава романтичната страна на парфемот. Слатката арома на ванила и орхидеја е усогласена со остриот цветен мирис на медитеранската роза и силниот јасмин што поттикнува на љубов и смиреност. Фрезијата ја засилува слатката нота на парфемот, надополнета со свежината на зелената мандарина. Основната нота на парфемот е освежена со пачули и ветивер што му дава особена острина на мирисот.

Era Eau de Parfum For Women е оригинален и мистериозен мирис за моќни жени со изразена индивидуалност.

Вашата Era симфонија можете да ја нарачате на официјалната страница на брендот Era Cosmetics.

Долготраен мирис кој ги активира сетилата и станува дел од вашата личност! Era Eau de Parfum For Men

Машкиот парфем Era е елегантен, софистициран и интензивен мирис за успешен, модерен и самоуверен маж. Ве изненадува уште во првиот момент со својата исклучително чиста и светла природа, но во исто време со моќен и хармоничен интензитет.

Свеж, интензивен и моќен!

Парфемот се отвора со богата хармонија на ледени ноти од сицилијанско цитрусно овошје, лимон, зелена мандарина и бергамот кои се под влијание на топлата, дрвена, слатка миризба и огнената комбинација на тобако, кедар и егзотично гуајак дрво. Резултатот е неверојатен коктел од машка сензуалност и интензивен допир на возбуда. Средните ноти од богатата лаванда кои даваат чиста, свежа нота до маслиновиот цвет и медитеранскиот анасон, кои создаваат необично чувство на смиреност и слобода. Аромите од пачули од тропска Азија даваат волшебно богат интензитет и длабочина. Мирисот на ванила на крајот предизвикува носталгично чувство на траење.

Парфемот Era за мажи е повеќе од Ваш мирис, тој станува дел од Вашата личност, ви дава доверба и истрајност за да ги постигнете своите цели, а можете да го нарачате на официјалната страница на брендот Era Cosmetics.