За сите жени кои се подеднакво силни, но и чувствителни! Без разлика на нивната возраст, потекло, верување или искуство. За сите жени кои носат лични, професионални и интимни одлуки кои го одредуваат текот на вашиот живот. Без разлика каков е изборот, тој ја изразува слободата да одлучите каков живот ќе живее секој од нас. Изборот да се чувствувате добро во својата кожа е многу важен!
Bioderma Sensibio H2O веќе 25 години ја споделува интимноста со жените низ целиот свет и ги следи нивните избори. 25 години со нив, охрабрувајќи ги да ја почитуваат својата кожа. 25 години врска со доверба.
Сè што треба да знаете за мицеларната вода!
Во 1995 година лабораторијата Bioderma ја произведе првата мицеларна вода што некогаш била продадена во светот. Sensibio H2O е прва и единствена дерматолошка мицеларна вода која целосно е компатибилна со кожата. Првично работејќи со дерматолозите, Bioderma разви производ кој е прилагоден на природната биологија на кожата за да го реши проблемот со чувствителната кожа, а со тоа Sensibio H2O се етаблира како голема иновација во областа на хигиената. Мицелите содржани во формулата обезбедуваат отстранување на нечистотиите додека смирувачките активни состојки ги намалуваат иритациите на кожата.
Од површината на кожата, но и од првите слоеви на кожата мицеларната вода отстранува 99% од шминката на лицето, 98% од фините честички и 78% од тешките метали присутни во градското загадување. Мицеларната вода има физиолошка pH вредност и наменета е за употреба и на зоната околу очите. Не иритира, не пече и не ја суши кожата – дава чувство на хидратација и свежина.
Sensibio H2O мицеларната вода е тестирана под дерматолошки и офталмолошки надзор и важно е да се напомене дека мицеларната вода Sensibio H2O не треба да се исплакне бидејќи нуди висока хемиска и микробиолошка чистота. Секој производ поминува 125 тестови за квалитет. По една мицеларна вода Bioderma Sensibio H2O се продава ширум светот на секои две секунди, а кај нас можете да ја набавите во вашата најблиска аптека.