Bobbi Brown, американски бренд за убавина, основан од водечката мејкап артистка Bobbi Brown, лансира три нови прајмери како дел од нивната Primer Plus линија.
Мејкап колекцијата Bobbi Brown дебитираше со десетина природни нијанси на кармини во далечната 1991 година. Постигна огромен успех со прекрасните нијанси на кармини, кои беа лансирани под името Bobbi Brown Essentials. Estée Lauder Companies го купи Bobbi Brown Essentials во 1995 година, но Brown ја задржа целосната креативна контрола врз мејкап линијата.
Primer Plus Mattifier
Свеж, лесен прајмер за лице, кој го подобрува квалитетот и долготрајноста на течната пудра. Ги апсорбира маснотиите и го намалува појавувањето на порите со специјална технологија. Ја освежува и ја измазнува кожата со разладувачка завршница. Помага да се одржи нивото на влажноста на кожата на лицето со натриум хиалуронат. Кожата изгледа мат, без нерамнини.
Формулата е без парабен, сулфат и минерални масла.
Primer Plus 3in1 Setting Спреј
Чист, богат со минерали и хранливи состојки, ја подготвува кожата за нанесување на течна пудра и веднаш го освежува тенот на лицето за здрав изглед.
Primer Plus SPF 50
Лесен, брзо-апсорбирачки прајмер за лице, кој го подобрува квалитетот на вашата течна пудра додека дава невидлива заштита со широк спектар UVA/UVB. Помага да се спречи оштетувањето на кожата од сонцето и помага во намалување на предвремените знаци на стареење. Се нанесува рамномерно за невидливо-совршено вклопување под шминката. Помага во рамнотежата на природната влажност на кожата.