Топла сина вода, пастелни зајдисонца и златен песок се мелем за Boss мажот додека ужива во секој момент од неговиот добро заслужен одмор. За него, Boss ја понуди новата освежувачка и живописна тоалетна вода – Boss Bottled Pacific. Како да е родена длабоко под нивото на морето, тоалетната вода Boss Bottled Pacific ја изразува свежината на водата и ја рефлектира нејзината бесконечна длабочина. Овој мирис е безвременски и никогаш нема да остане незабележан.
Нова енергија во Boss Bottled колекцијата!
Машкиот мирис Boss Bottled Pacific ве носи на брановите и сончевите плажи. Збогатен со кокос, лимон и сол, мирисот додава свежа експлозија од енергија на Boss Bottled фамилијата.
Инспириран од чистите сини води и опуштените вибрации на плажа!
Креиран од парфимерката Sophie Labbe, Boss Bottled Pacific е ароматичен, дрвенест и софистициран мирис со освежувачка арома инспирирана од чистите сини води и опуштените вибрации на плажа.
Доза лимон и пенлива есенција од кедар го претставуваат долготрајниот мирис пред да нѐ однесат во нотите на кокос во срцевината, каде солени ноти и доза есенција на чемпрес додаваат освежителна и оживувачка страна. Во основата, дрвенестите траги од кашмир, пачули од Индонезија и сандалово дрво се потсетник за топлината на сонцето на кожата.
Мирис на незаборавно лето!
Мирисот го евоцира споменот од водените авантури, како и моментот кога треба да здивнете и да се опуштите под сенките на палмините дрва. Ова е мирис на незаборавно лето!
Шише!
Инстантно препознатливото Boss Bottled шише е обоено во полу-проѕирна летна сина нијанса и украсено со капаче во топла сребрена боја, инспирирано од азурната морска вода која светка и се прелева. Надворешното пакување во сина и топла сребрена нијанса, ја рефлектира оваа освежувачка вибрација, која воедно е потсетник да земете пауза и да уживате во летното време.
Кампања!
Chris Hemsworth е лицето за кампањата за Boss Bottled мирисната колекција, отелотворувајќи ги вистинските вредности на Boss мажот.
Ограничено издание!
Boss Bottled Pacific е ограничено издание во најуспешната колекција на Boss – Boss Bottled, мирис кој внесува нова енергија во колекцијата.
Мирис за вас!
Без оглед на приликата, во Boss Bottled колекцијата на парфеми можете да го пронајдете мирисот за вас.
Мирис за лето: Boss Bottled Pacific
Мирис за вечерно излегување: Boss Bottled Parfum
Мирис за секој ден: Boss Bottled Eau de Toilette