- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Пролетта кај повеќето луѓе предизвикува наплив на енергија, но некои се чувствуваат уморно и безволно. Доколку се чувствувате така, можете да искористите неколку едноставни трикови против знаците на пролетен замор на лицето и како да го освежите изгледот.

Ладете го пределот околу очите!

Темните кругови се чест проблем за многу жени, а пролетниот замор може дополнително да го нагласат отокот околу очите. За да го намалите отокот, можете да користите различни техники за ладење на пределот околу очите.

Наједноставна и најбрза техника е „skin icing“, популарна на социјалните мрежи. Сè што треба да направите е да завиткате 4-5 коцки мраз во мека и чиста памучна крпа, а потоа нежно да го масирате лицето со кружни движења во период од минута до две. На овој начин, веднаш ќе го намалите отокот под очите. Овој ритуал можете секојдневно да го повторувате и на други делови од лицето.

skin icing

Не ја прескокнувајте масажата на лицето!

Утринската масажа на лицето е еден од најдобрите третмани против стареење што можете да го примените во вашиот дом. Но, многу жени, за жал, го прескокнуваат овој чекор во нивната утринска рутина.

- Реклама -

Масажата на лицето трае само неколку минути, а има многу придобивки како што се подобрување на циркулацијата, намалување на надуеноста и детоксикација на кожата, што овозможува природно враќање на тонот на кожата. Воедно, масажата на лицето може да биде релаксирачки третман за намалување на стресот и главоболката.

масажа на лице

Дополнителен бонус после добра масажа е маската за лице. Маската за лице е идеална за смирување на лицето и намалување на знаците на замор. Ако маската е збогатена со хијалуронска киселина, ќе му даде бонус хидратација на лицето.

Трикови против пролетен замор на лицето маска за лице

Дозволете вашата кожа да ги почувствува придобивките од витаминот Ц

Еден од најчестите знаци на пролетен замор е лице без сјај – уморно лице кое изгледа безживотно. Зимата остави трага на кожата, нејзе и недостигаат витамини. Затоа, време е да направите промени во рутината за нега на кожата и да вклучите серум и маска за лице кои се богати со витамин Ц. Овој моќен антиоксиданс не само што го зајакнува целокупниот имунитет на организмот, туку ја ревитализира кожата на лицето. Витаминот Ц помага за зачувување на младешкиот изглед, го изедначува тенот и обезбедува свежина, хидратација и цврстина на уморната кожа.

Трикови против пролетен замор на лицето серум со витамин ц

Серумот е пролетен еликсир за кожата, а серумот со витамин Ц кожата ја прави два пати посветла и трипати помазна. Тоа е производ кој мора да го вклучите во вашата пролетна рутина за нега на кожата. Витаминот Ц помага за враќање на сјајот и намалување на знаците на стареење.

Трикови против пролетен замор на лицето витамин ц