- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Маскарата Healthy Mix Clean & Vegan со здрав состав за вашите очи е тука!

После успешното лансирање на тонираната крема Tinted Beautifier од линијата на производи Healthy Mix, Bourjois ја претстави својата прва чиста и веганска маскара со интензивна црна боја, која совршено ги негува и издолжува трепките. Сето тоа спакувано во маскара која предизвика голем интерес кај бјути ентузијастите најмногу поради нејзината чиста формула.

Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan line

Чиста и веганска формула! Отворете ги трепките за чиста убавина!

Оваа веганска маскара чија формула е составена од 99% состојки од природно потекло обезбедува дефиниција на трепките до 36 часа, а водено ги негува и ги прави трепките да изгледаат поздраво од ден на ден.

Healthy Mix Clean & Vegan маскарата се состои од природни состојки – природни восоци, масла и биотин. Формулата не содржи парабени и целосно е веганска. Маскарата ги храни и негува трепките благодарение на формулата збогатена со органски шеа путер.

- Реклама -

Четка направена од био влакна!

Нејзината органска четка од 100% микро-влакна е направена од био влакна и материјали кои се добиени од рециклирање и кои повторно можат да се рециклираат. Четката е многу мека и обезбедува целосно распоредување на формулата на трепките со еден потег од коренот до врвовите. Апликаторот обезбедува нанесување без создавање на грутки. Дополнително маскарата брзо се суши и лесно се отстранува со млака вода и не претставува опасност за влакната од трепките.

Women apply Bourjois mascara

Bourjois mascara Before and After

Healthy Mix Clean & Vegan mascara

Пробајте ја маскарата и сами ќе се уверите!

Отворете ги очите за чиста убавина, пробајте ја маскарата и сами ќе се уверите колку фантастично ги нагласува трепките, а истовремено се грижи за нив!

Каде може да се набави?

Посетете ја онлајн продавницата за да ја набавите веганската Healthy Mix Clean & Vegan маскарата!

Bourjois Healthy Mix Clean & Vegan mascara