- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Можеби ќе се изненадите кога ќе ви откријам дека мејкап производот без кој не започнува или завршува шминкањето, токму е производот со кој најчесто се прават грешки за време на шминкањето.

Откријте кои погрешни потези можеби и вие сте ги направиле со коректорот и научете како да ги избегнете.

Прескокнувате подготовка на кожата пред да нанесете коректор!

Една од најчестите грешки поврзани со коректорот е тоа што тој често се нанесува на целосно суво лице, а особено на пределот околу очите каде се акумулира на наборите и со тоа дополнително се нагласува она што посакувавте да го сокриете.

Ако шминкањето го започнувате со нанесување на коректор најважна од сè е подготовката на кожата. Сè што ви треба е хидрантна крема, серум или крем за очи, производи со кои ќе ја подготвите и хидрирате кожата пред коректорот. Нанесете малку навлажнувачка крема на кожата околу очите и очните капаци со врвот на показалецот. Потоа почекајте неколку минути пред да го нанесете коректорот.

- Реклама -

Нанесувате коректор под вештачко осветлување!

Уште една грешка при нанесување на коректор, што влијае на ефектот што посакувате да го постигнете со него, предизвикана од лошото осветлување во домот. Најдобра позиција за нанесување на коректор е веднаш до прозорецот, каде природната светлина паѓа врз лицето и ги покажува сите недостатоци и вистинскиот ефект на избраниот коректор. Затоа, никогаш не нанесувајте коректор во бањата под вештачко осветлување.

Секаде на ист начин нанесувате коректор!

Ако нанесете коректор, а потоа го размачкате со прст, во тој случај апсолутно непотребно сте го нанеле. Кога коректорот го размачкувате, тој ќе навлезе во порите и брчките и ќе ги направи уште повидливи, што сосема е спротивно од целта што сакате да ја постигнете. Коректорот исклучиво се нанесува со тапкање со прст или со тесниот дел од бјути блендерот.

Како да нанесете коректор за да ги покриете темните кругови?

Покрај со тапкање, важно е да знаете дека коректорот не се нанесува на ист начин на сите места, па доколку сакате да ги покриете темните кругови околу очите, не треба да го нанесувате во форма на точки или линии по должина на темните кругови, бидејќи на тој начин уште повеќе ќе ги изразите темните кругови и тие овој пат ќе бидат бели, а не темни. Кога сакате да ги покриете темните кругови под очите, со коректорот исцртајте превртен триаголник на рабовите на сенката од темните кругови и добро изблендирајте го за да постигнете посакуван ефект.

Како да нанесете коректор за да ги покриете мозолчињата?

За да ги покриете мозолчињата или други слични неправилности на кожата, можете да нанесете коректор во форма на точки кои ќе ги нанесете на средината на мозолчето, а потоа со нежни кружни движења тапкајте во таа област.

Една нијанса на коректор не е доволна за целото лице!

Една нијанса на коректор не ги покрива сите несовршености на лицето на ист начин.

Доколку сакате да ги неутрализирате темните кругови, побарајте коректор што е за една нијанса посветол од вашиот тен, а не од бојата на темните кругови. Битно е избраната нијанса целосно да одговара на подтонот на вашата кожа.

Ако сакате да ги покриете мозолчињата изберете нијанса која е идентична со вашиот тен. Ако и овде го користите истиот коректор што е за нијанса посветол од вашиот тен, само уште повеќе ќе ги потенцирате мозолчињата и кожата ќе ви биде полна со дамки.

Не го земате во предвид пределот на кожата при изборот на текстурата на коректорот!

Областа околу очите е помека и посува, па затоа за покривање на темните кругови најдобро е да користите кремасти и течни коректори. Внатрешниот агол на окото можете да се нагласи со коректор со блескав ефект, додека за проблематична и црвена кожа идеално решение е мат течен коректор.

Која од овие грешки најчесто ја правевте со коректор? Споделете во коментари!