Ако сте повикани, во последен момент како придружничка на свадбена веселба, драги девојки не очајувајте, ќе ви презентирам единствена инспирација за прекрасни мејкап изгледи за шминка за свадба, на брзина, кој ќе мами многу погледи. Може да примените еден мејкап изглед од предложените и нема да ви треба професионално шминкање. Бидете сигурни дека ќе бидете брзо нашминкани и на ниво на задачата! Еве како да се нашминкате:
Црвено, за радост!
Не знам како успева, но младиот модел Gigi Hadid со секоја појава измамува безброј позитивни реакции кај мажите. И вие можете да го постигнете истиот ефект! Кај нејзиниот мејкап изглед постојат два клучни моменти: перфектно тонирано лице и перфектно исцртани црвени усни, со нежен стробинг на лицето. Со помош на квалитетна пудра, а потоа со малку играње во осветлувањето на лицето, ќе постигнете ефект на извонредно изедначена и блескава кожа. Останува уште неговото височество, црвениот кармин. Четка за кармин и еден долготраен црвен кармин многу ќе ви помогнат. Најпрво треба да ги исцртате усните, а потоа постепено да ги пополнувате со боја. Нанесете малку нуд сенка на очи, ставете ја омилената маскара на трепките и вие сте подготвена!
Најдоброто нешто кај овој мејкап изглед е тоа што можете да го комбинирате со речиси секоја свечена гардероба за свадба.
Заводлива едноставност!
За некоја поекстравагантна модна комбинација, но и за некое минимално модно издание, кое честопати може да биде полн погодок во морето на свадбената шарада, со цело срце ви го препорачувам овој мејкап изглед. Трпи гломазна бижутерија, но и скапоцен накит, а најважно од сè – брзо се постигнува. Поиграј се малку со сенчање на лицето или со брзо и лесно контурирање на лицето. Нанесете мат кармин во нуд нијанси, со мат нуд палета на сенки за очи. Значи, сосема природно. Убаво извлечената линија со туш за очи многу го истакнува погледот, а останува во границите на пристојно шминкање на очите за вистинските заводнички: за дискретно заводлив поглед!
Модерен гламур!
Ви откривам како брзо да постигнете мејкап изглед кој ги комбинира претходните два. Па ако сакате да одите чекор понатаму, ризикувајќи со својата појава да ја засенете невестата, ова е решение!
Добриот тен на лицето секогаш е најдобрата основа на секое добро шминкање. Нагласете ги линиите на лицето со стробинг со неколку потези на четката, нанесувајќи нежно блескаво осветлување на просторот помеѓу веѓите, средината на носот, брадата и внатрешните агли на очите. Црвениот кармин како во првиот пример: со четка, изедначено пополнети усни. Можете да изберете и друга боја на кармин, но за ова мејкап издание ви треба боја која ќе биде привлечна. За вака храбро нашминкани очи, тушот за очи може да се исцрта похрабро, преоѓајќи преку ивиците на окото. Заводливите и тренди точки нанесете ги на средината на долниот капак од окото за мејкап шах-мат. Прекрасниот модел од Бразил, Luma Grothe овој мејкап изглед го носи совршено, а верувам дека и вие ќе умеете да носите со внимание што ќе го привлечете на свадбата! Поготово ако вашиот избор со ваквиот мејкап е прекрасен црвен фустан.