Calvin Klein во своето Eternity портфолио на мириси ги додаде женскиот Eternity Eau de Parfum Intense и машкиот Eternity Parfum.
Вдахнувајќи нов дух на оваа култна љубовна приказна, новите џусеви се мирисна еволуција на продлабочената интимност помеѓу двајца љубовници. Оддавајќи почит на оригиналните Calvin Klein Eternity изданија, новите композиции се интензивирани, инспирирани од страсната романса на зајдисонце.
Придружете се на новата страница во следното поглавје на вечната љубовна приказна!
Најновата адаптација на кампањата за Eternity на Clavin Klein продолжува да ја слави романсата на култната двојка – Christy Turlington Burns, активистка, претприемач и модел, заедно со нејзиниот сопруг, режисер, писател, продуцент и актер Edward Burns. Манекенката се најде во првата Eternity рекламна кампања кога го имаше своето деби во 1988 година, додека нејзиниот сопруг се придружи подоцна за да ја креираат крајната манифестација на вечната љубов.
Снимени на зајдисонце на плажа во Калифорнија, впечатливите црно-бели фотографии, снимени од Lachlan Bailey предизвикуваат интензивна интимност помеѓу двајца љубовници. Додека лежат во песокот, држејќи ги телата блиску, тие се предаваат на својата трајна страст еден за друг.
Инспирирани од страсната романса на плажа, мирисите зад себе оставаат ноти на сензуални зачинети цветови и мажествена fougère трага. Како израз на вечна љубов, композициите предизвикуваат интензивна сензуалност.
View this post on Instagram
Повторно осмислен, зачинет, цветен! Eternity Eau de Parfum Intense for Women
Женскиот Eternity Eau de Parfum Intense е изграден врз основа на цветните претходници, креирајќи воодушевувачки модерен, сензуален и зачинето цветен потпис создаден од парфимерите Laurent Le Guernec и Pascal Gaurin.
Уникатен и ултраженствен, мирисот се отвора со интензивен букет од турска роза. Нагласен од Sichuan биберот во срцевината, а заокружен од ноти на јасмин Sambac во основата.
Чистиот џус е сместен во стаклено шише обоено во нуд розова нијанса, исто како и надворешното пакување, доловувајќи ја сензуалната топлина која се чувствува на плажата за време на зајдисонце.
Гурмански! Eternity Parfum for Men
Луксузен и мажествен, Eternity Parfum се отвора со експлозија од свежина на органска лаванда. Екстрактот од рум додава смел, поинаков и бурен пресврт во срцевината, додека ванилата додава топлина во основата на мирисот. Заедно, нотите креираат богат, но сепак повеќестран мирис со привлечен, јадлив fougère квалитет. Зад оваа експлозивна креација стојат парфимерите Alberto Morillas и Frank Voelkl.
Џусот е сместен во шише обоено во нијанса на коњак, која потсетува на боите на брилијантното зајдисонце. Впечатливото црно пакување само ја дополнува богатата софистицираност на мирисот.