- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Новото лице на храбрата Chloé жена – авантуристка на која и е посветена линијата Nomade е Chloé Nomade Naturelle, мирис кој ќе ве маѓепса со нова верзија на чистота и природност – концептот на колекцијата Nomade.

Chloe Nomade

Мирис кој освои бројни симпатии!

Дебито на мирисот Nomade, лансиран во 2018 година освои бројни симпатии. После него, колекцијата беше збогатена со Nomade Eau de Toilette од 2019 година и Nomade Absolu de Parfum од 2020 година, за да со новото издание Nomade Naturelle се вратат на основната тема на мирисот – природноста.

Chloé Nomade collection

Nomade жената се издигнува кон нови хоризонти!

Водена од привлечноста на непознато, Nomade жената се издигнува кон нови хоризонти, нови средби. Тоа е мирис кој го слави мешањето на културите и поезијата на средбите. Рекламното лице на кампањата што го прати мирисот Nomade Naturelle е Naomi Scott, позната по улогата на Јасмин во филмот Аладин.

- Реклама -

Naomi Scott

Создава зависност кај жените!

Nomade Naturelle е женски парфем кој создава зависност кај жените со соларниот гурмански цвет од јасмин. Парфимерката Caroline Dumur избра египетски јасмин, рачно набран на изгрејсонце, за да го креира овој женски парфем. Композицијата ветува лежерност и префинета елеганција, комбинирајќи ликер од слива Mirabelle, фрезија, дабова мов, цветови од египетски јасмин, урми, сандалово дрво и мека ванила како клучни ноти. Топол, мазен и сензуален, новиот Nomade Naturelle се разликува од неговите претходници по рафинираниот пудрест и гурмански тон.

Chloe

Повторно откривање на јасмин!

После првиот впечаток, овој нов мирис ја носи фантазијата во далечен пејзаж на зајдисонце. Есенцијата на бергамот се пробива – освежувачки како ветре на дините – додека египетскиот јасмин дава сензуален, дарежливи призвук. Безвременската елеганција на цветот се среќава со мазноста на урмата, додека ванилата и сандаловото дрво плетат топла, зависна основа.

ingredients Nomade Naturelle

Фини релјефни детали врежани во стаклено шише!

Шишето на новиот мирис Chloé Nomade Naturelle го повторува обликот на неговите претходници, но сега создадено во окер нијанси инспирирани од природата. Плетенката врзана околу шишето, ги претставува врските воспоставени преку патувања и средби. Овој симболичен мотив во форма на фини релјефни детали е врежан во стакленото шише.

Nomade Naturelle

100% природно потекло!

Nomade Naturelle не содржи вештачка боја. Тој е вегански и формулиран со мирис од 100% природно потекло, природно добиен алкохол и вода. Ништо друго!

Мирисот е достапен во големини од 30, 50 и 75 мл, како Eau de Parfum.

Chloé Nomade Naturelle packaging Chloé bottle