Козметиката што редовно ја користите релативно брзо се троши. Ова значи дека со секојдневна употреба на течна пудра ќе треба да ја обновите на секои два до три месеци, маскарата и кармините можеби ќе потраат уште пократко, а кремите за лице се чини дека ги купувате секој месец или два. Како да заштедите пари на козметика што е во „функција“ секој ден и да ги уловите најдобрите можности кога купувате производи што ја сочинуваат основата на вашиот козметички несесер?
Ова прашање им беше водечка мисла на креаторите на веб-страницата која денес е позната како Cosmetify. Зошто веб-страницата Cosmetify е толку посебна и зошто расте нејзината популарност?
Што е Cosmetify?
Се работи за веб-страница за споредување, која на едно место заедно ги собира производите за убавина од разни светски веб-страници, а покрај тоа што ја „влече“ нивната содржина, ги прикажува и разликите во цените во одделни продавници и ги истакнува омилените производи кои се на акција или нивната цена постојано е пониска од повеќето други веб-продавници за убавина.
Колку производи за убавина вклучува Cosmetify!
Cosmetify вклучува дури 1.710 брендови за убавина, 216.650 производи за убавина во вкупно 38 веб-продавници. Веб-страницата открива дека просечната заштеда што ја нудат кога се гледа во целина е околу 34%.
Со Cosmetify откријте кои производи се во тренд!
Самата страница е многу прегледна и лесно можете да се движите низ неа. Можете да пребарувате по брендови, по декоративна или препаративна козметика, парфеми, производи за коса и нокти, а своја категорија имаат и мажите. Во Cosmetify исто така можете да откриете кои производи се во тренд и кои формули на производите за убавина се гордеат со титулите „cruelty free“ и „paraben free“.
Како до најниска цена со Cosmetify!
Покрај тоа што своите омилените производи ќе ги пронајдете на интернет по најниска можна цена, со Cosmetify може да откриете и некои брендови и хит производи за кои никогаш порано не сте знаеле. Ако одреден производ што го сакате го нема, можете да се регистрирате за да бидете известени кога одредениот производ ќе се врати во продажба.
Cosmetify овде можете да го истражите уште подобро.