- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Црвенило на лицето! Добро позната состојба од која страдаат многу луѓе. Без разлика дали станува збор за розацеа или црвенило што е предизвикано од стрес, проблемите се исти. Црвенилото може да направи да се чувствувате несигурно и да ве натера да користите многу шминка со надеж дека ќе го „маскирате“. Ако ова ви е позната состојба, тогаш знајте дека постои решение – може да го покриете скоро секој вид на црвенило со корективна шминка!

Која и да е причината за црвенило на лицето, вистинска шминка нанесена на ефикасен начин ќе го камуфлира црвенилото, исто како да го немате! Во продолжение ќе ви понудам чекор-по-чекор упатство за тоа како да се нашминкате за да го покриете црвенилото на вашето лице!

Што е црвенило на кожата?

Освен ако не сте далтонист, не треба да помине многу време додека сфатите дека страдате од црвенило на кожата. Оваа состојба се однесува на секаков вид на црвенило што се појавува на кожата на лицето во помал или поголем обем. Затоа, дури и ако забележите помала „црвена дамка“ на образите, или околу носот – знајте дека тоа се смета како црвенило на кожата.

Зошто вашето лице е црвено?

Ако се обидувате да ја откриете причината за појавата на црвенило на лицето, знајте дека не сте сами. Постојат голем број на причини зошто кожата црвенее, а некои од нив се најчести:

- Реклама -

– благи иритации на кожата (каде црвенилото трае неколку дена), до оние посилните,

– употреба на преагресивно средство за чистење на лицето,

– премногу груб пилинг,

– хемиски пилинг,

– акни,

– посериозни состојби на кожата како што е розацеа, алергиска реакција, егзема или псоријаза.

Покривање на црвенилото на кожата со шминка!

Чекор 1: Нанесете SPF крем за заштита на кожата од сонце!

Пред да нанесете шминка, клучно е да ја заштитите нежната, црвена кожа со широк спектар на  UV заштита со заштитен фактор од најмалку 20. Запомнете, кожата може да изгори дури и за време на облачен ден, па затоа важно е SPF заштита да ја носите во текот на целата година.

Чекор 2: Прајмер за мазна подлога!

„It’s all about that base“ – ова е многу точно кога станува збор за шминкањето. Започнете го нанесувањето на шминка со прајмер што ќе ви помогне вашата рутина на покривање на црвенилото да помине беспрекорно. Изедначете го тонот и текстурата на кожата со високо квалитетен прајмер. Тој ќе ви помогне рамномерно да ги нанесете коректорот и пудрата. Нежно распоредете го преку лицето и масирајте со прстите.

Чекор 3: Зелен коректор за колор-корекција!

Ако се плашите од колор-корекција – ве уверувам дека нема потреба! Само искористете го знаењето од ликовно за спектарот на боите во круг: црвената боја стои од спротива на зелената, што значи дека овие две бои се неутрализираат меѓусебно. Ова е причината зошто зелениот коректор е чудесниот „мал работник“ кој ќе помогне да го прикриете црвенилото од лицето.

Чекор 4: Покријте го зелениот коректор со оној во боја на вашата кожа!

После колор-корекцијата, време е да нанесете коректор во боја на вашата кожа, за да го покриете зелениот коректор. Потапкајте го коректорот со посилна моќ на покривање над зелените области и изблендирајте.

Чекор 5: Течна пудра која покрива сè!

Додавањето на слој на течна пудра ќе ви даде совршен мазен изглед. За да го камуфлирате секое црвенило, користете течна пудра со висока покривна моќ, но со лесна текстура. Изблендирајте го со сунѓер-блендер за природен финиш.

Чекор 6: Фиксирајте ја шминката со пудра во прав!

Завршете ја вашата шминка така што целото лице ќе го попрскате со транспарентна пудра во прав со помош на голема пуфнеста четка. Вака ќе ја фиксирате шминката и ќе направите да биде долготрајна, да не избледи и да не остава траги на облеката.

Чекор 7: Остатокот од шминката е исто толку важен!

Не „уништувајте“ го целиот труд и напор околу прикривањето на црвенилото со нанесување на погрешна нијанса на руменило и кармин, што дополнително ќе го истакнат црвенилото. Избегнувајте ги топлите нијанси на руменило кои ги нагласуваат црвените тонови на кожата. Изберете руменила со ладни подтонови, како што се mauve и ладни розови тонови. Покрај тоа, избегнувајте ги црвените кармини (од очигледни причини) и прифатете ги неутралните нуд нијанси.