- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

На сите ни треба малку повеќе радост, екстраваганција и ведрина на лицето. Вистинско освежување во вашето секојдневие можете да внесете со малку боја, особено на трепките. Не грижете се ако сте малку поконзервативна кога станува збор за шминкањето. Ќе ви покажам како маскарите во боја може да се носат во различни комбинации.

Кафеава маскара!

Професионалните шминкери честопати избираат кафеава маскара наместо доминантната црна, кога сакаат да постигнат помек изглед и целосно понежно лице. Оваа боја на маскара одлично се вклопува со дневна шминка и посебно е погодна за оние со светли очи, исто како и кафеавиот туш за очи.

Некои експерти за шминка тврдат дека за вистинските русокоси со светла кожа најдобра маскара за сите изданија е токму кафеавата маскара. Пробајте ја со вашата омилена нуд шминка, а одлично се вклопува со бакарен smokey eyes! Бакарна и бургунди црвена – бои кои ќе го подобрат ефектот на кафеавата маскара.

Сина маскара!

Оваа боја на маскара ја прослави принцезата Дајана, која ја обожаваше за истакнување на нејзините сини очи. Денес, многумина веруваат дека сината маскара не е за дневни варијанти на шминкање, но грешат. Таа е совршена за надополнување и истакнување на очите. Доволно е да ја нанесете во количина што е соодветна за пригодата. За посуптилен изглед еден слој на коренот на трепките или на горниот дел од трепките ќе биде доволен. Додека за поинтензивен изглед треба да нанесете повеќе слоеви за маскарата да биде позабележителна. Сигурно е дека сината маскара изгледа убаво на девојките со сини очи. Дури и да немате сини очи, сепак можете да носете сина маскара, само потрудете се остатокот од вашата шминка да биде минимален. А гардероба? Фармерки, непогрешливо!

- Реклама -

Тиркизна маскара!

Одличен избор за зелени очи! Сепак, тиркизната боја добро се комбинира со кафеавата, па пробајте ја ако имате кафени очи. Оваа боја на маскара ги бара истите правила како и сината маскара. Ќе ви биде интересно да поиграте со тиркизна маскара и бела сенка за очи. Комбинирајте ги овие два производи за дополнително да ја потенцирате тиркизната боја на трепките и визуелно да ги отворите очите. Друг безвременски трик што ќе ги нагласи очите и ќе направи да изгледаат порелаксирано е линија со бел креон на внатрешниот раб на долниот очен капак.

Розова маскара!

Не кажувајте веднаш – нема шанса! Пробајте! Комбинирајте ја со туш за очи во иста боја и држете се само на таа боја. Во друга варијанта, пробајте комбинација со две бои. На коренот на трепките нанесете црна маскара, а на врвовите од трепките нанесете розова маскара. Ќе ви треба малку прецизност, но се постигнува многу интересен ефект. Овој мејкап изглед е одличен со црн фустан, кога сакате да бидете со малку поинтересна шминка.

Виолетова маскара!

Добро, ова е малку повеќе екстравагантна варијанта на маскара во боја, бидејќи сама по себе е впечатлива. Кога носите пурпурна маскара, акцентот секогаш е на очите, а остатокот од шминката тоа треба да го придружува. Мене особено ми се допаѓа како изгледа со целосно природно нашминкано лице. Затоа, не штедете нанесете подебел слој и на горните и на долните трепки. Ви гарантирам дека ќе изгледате интересно и заводливо. Овој мејкап изглед може да се носи со сите комбинации на облека.