Во соработка со Capcom, водечки издавач на видео игри, Davidoff го претстави новото летно дуо – Davidoff Cool Water Street Fighter Champion, кое ги наследува успешните минатогодишни креации Cool Water Aquaman и Cool Water Mera. Со оглед на успехот на минатогодишните мирисни композиции, Davidoff ја продолжи плодната соработка со парфимерот Jerome di Marino, кој ги компонира и потпиша двете нови изданија на брендот.
Двајца Street Fighter херои – Ryu и Chun-Li, се заштитни лица на овогодинешните Cool Water мирисни креации.
Cool Water Street Fighter Champion Summer For Him
Машкиот Cool Water Street Fighter Champion Champion Summer For Him е креиран како цитрусно дрвенест мирис кој освежува со нотите на зелена мандарина, зачинета со црн бибер, поставени на карактерните ноти на guaiac дрвото.
View this post on Instagram
Cool Water Street Fighter Champion Summer For Her
Женското издание Cool Water Street Fighter Champion Summer For Her е цветно цитрусен мирис, кој исто така започнува со сончева мандарина во комбинација со круша, што му дава кадифенасто и меко изразување на туберозата.
View this post on Instagram
Кампања и шишиња!
Визуелната кампања на Street Fighter Champion изданијата ги илустрираше уметничкиот дизајнер и илустратор Clarence Lansang, кој работеше на Street Fighter серијалот.
Овогодишните Cool Water изданија го повторуваат обликот на оригиналните шишиња, а се достапни во количина од 125 мл како Eau de Toilette за машкото издание и 100 мл како Eau de Toilette за женското издание.