- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Многу жени се соочуваат со предизвикот како да ги нашминкаат очите кога носат наочари со диоптрија. Тоа што носите наочари не значи дека шминката на вашите очи нема да дојде до израз. За да ги нагласите очите на вистински начин потребно е да ги примените советите за шминкање во продолжение.

шминкање наочари

Smokey eyes изглед и премногу темни сенки не е добар избор!

Многу жени го обожаваат smokey eyes изгледот на очите, но тоа не е добар избор за жените кои носат наочари. Со темни сенки ќе добиете премногу темен ефект, а тоа не е она што го посакувате. Светли нијанси на сенки многу подобро ќе ви одговараат. За вечерен мејкап изглед може да користите малку темна нијанса на сенка, но само на рабовите помеѓу капаците.

Тушот за очи и рамките на наочарите не смеат да бидат во иста боја!

Нијансата на тушот за очи треба да биде во слична нијанса со рамките на наочарите, но не и идентична. Ако имате црни рамки, тушот за очи нека биде во сива, кафена или темно сина нијанса. Со беж боја на рамки за наочари најмногу одговараат бронзени нијанси на сенки за очи.

Линијата на тушот за очи треба да ја прилагодите според големината на рамките. Ако тие се широки, нанесете го тушот во подебела линија, а ако рамките се тенки и линијата на капаците нека биде таква.

- Реклама -

шминкање со наочари

Трепките треба да бидат потенцирани!

Многу девојки што носат наочари мислат дека трепките не треба да бидат потенцирани. Вистината е дека за вистински ефект трепките мора да бидат потенцирани. Убаво закривени трепки и маскара во два слоја е задолжителен детаљ за дамите со наочари.

Маскара само на горните трепки!

Овој совет за шминкање ќе го добиете од многу бјути експерти без разлика дали носите наочари или не. Постои голема шанса маскарата да се размачка и да добиете темна трага под очите. Тоа сигурно не го посакувате!

Жолт коректор е вистински избор!

Ако носите наочари, задолжително нанесете коректор со жолта нијанса. Така најдобро ќе ги покриете темните кругови или црвенилото под очите.

Нагласете ги веѓите!

Веѓите многу придонесуваат за севкупниот впечаток на дамите што носат наочари. Нека бидат уредно средени, а можете дополнително да ги нагласите со гел за веѓи.

шминкање со наочари нагласени веѓи