Elizabeth Arden го претстави петтиот мирис од мирисната колекција White Tea лансирана во 2017 година. Новиот мирис е инспириран од тропскиот декоративен ѓумбиров цвет. Mирисот White Tea Ginger Lily е креиран како цветен, мошусен и зачинет букет. White Tea Ginger Lily лансиран е после мирисите White Tea од 2017 година, White Tea Wild Rose и White Tea Vanilla Orchid од 2019 година и White Tea Mandarin Blossom од 2020 година.

White Tea Ginger Lily collection

Енергија на зачини и цветови!

Ginger Lily е проткаен со енергија на зачини и цветови. Разиграниот излив на горчлив портокал го балансира срцето со цветот од ѓумбир и нотите на бел кедар за земјена сензуалност. Мирисот е динамичен и страствен со возбудлив дух.

White Tea Ginger Lily visual

- Реклама -

White Tea Ginger Lily apply

Мирисно срце со топол цвет од ѓумбир!

Отворањето на композицијата развива светли ноти на бергамот, горчлив портокал, мандарина и нероли и нè води до срцето на топол цвет од ѓумбир во комбинација со свежо исечен корен од ѓумбир и мелени лисја од љубичица. Основата дава земјена, балсамична и мошусна комбинација на тонка, mate акорд, мек бел кедар и мошус.

White Tea Ginger Lily floral musk citrus

Препознатлив White Tea дизајн на шишенцето!

Elizabeth Arden White Tea Ginger Lily е достапен во шишиња со истиот дизајн како и претходните креации на колекцијата White Tea, во големини од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.

White Tea Ginger Lily bottle

- Реклама -

ОСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Ве молиме внесете го вашиот коментар!
Ве молиме внесете го вашето име