Dolce & Gabbana презентира нов мирис од колекцијата Dolce посветен на розата. Оваа роза е црвена и овошна, таа е многу оптимистичка и женствена. Мирисната колекција Dolce се развива од првото издание на Dolce лансирано во 2014 година, а брендот досега има лансирано шест варијации вклучувајќи ја и најновата Dolce Rose.
Радосна композиција, полна со енергија!
Dolce Rose Eau de Toilette ја слави розата, кралица на цвеќето, симбол на љубовта, убавината и женственоста, но исто така еден од препознатливите и типични мотиви на брендот Dolce & Gabbana. Новиот мирис е издание на Dolce букетот создаден како зависен цветно-овошен мирис, кој комбинира absolut роза и centifolia роза (мајска роза) со мек мошус и кисело црвени рибизли. Радосен и полн со енергија, Dolce Rose е роза со исклучителна привлечност.
Карактеристично Dolce шише со капаче во форма на цвет!
Најновата креација Dolce Rose доаѓа во карактеристично Dolce шише со капаче во форма на цвет во црвена боја и елегантна машна.
Мирисот Dolce & Gabbana Dolce Rose е достапен во шишиња од 50 и 80 мл, како Eau de Toilette.