Најзначаен светски производител на декоративна и препаративна козметика.
Компанијата за убавина Estee Lauder е меѓу најзначајните светските производители на декоративна и препаративна козметика. Станува збор за компанија исклучиво концентрирана на производи од престижната козметика во повеќе од 25 различни брендови кои се продаваат во повеќе од 150 земји.
На подрачјето на Adriatic регијата, компанијата Orbico Beauty е овластен дистрибутер на Estee Lauder Companies козметиката, каде во моментов дистрибуира 8 различни бјути брендови.
Во Македонија е присутна со брендовите Estee Lauder, Clinique, MAC, Bobbi Brown, La Mer, Tom Ford, Michael Kors и Glam Glow.
Ексклузивно дружење со брендовите на Estee Lauder компанијата!
Во четврток, 22 ноември 2018 година во Музеј на град Скопје ќе се одржи ексклузивно дружење со брендовите на Estee Lauder компанијата.
На настанот планирано е да бидат присутни гости од јавниот живот во Македонија – инфлуенсери, мејкап артисти, новинари и блогери кои секогаш со големо задоволство ги следат и се дел од светските трендови.
Присутните ќе бидат запознаени со најновите производи и трендови кои владеат во светот, а благодарение на компанијата Orbico Beauty која е овластен дистрибутер на Estee Lauder Companies козметиката, многу жени ги уживаат благодетите од овие врвни производи.
Секоја жена може да биде убава!
Во Estee Lauder Companies се верни на непоколебливото верување кое ја инспирирало Г-ѓа Estee Lauder да ја основа својата компанија во 1946 година – верување дека секоја жена може да биде убава. Денеска таа едноставна идеја направи револуција во козметичката индустрија.