Во 2018 година беше лансиран нов парфемски столб на брендот Dior – женскиот мирис Joy by Dior, посветен на уживањето во животот, а во 2019 година Dior го најави лансирањето на првото мирисно надополнување – Joy Intense – кој треба да донесе засилена доза на задоволство и радост.
Сензуална мирисна композиција збогатена со ноти на нероли!
Мајската роза и јасмин кои растат во француското гратче Grasse се срцето на овој парфем, чие создавање го потпиша парфимерот на Dior – François Demachy. Според парфимерот – Joy by Dior Intense е сензуална мирисна композиција со дополнителна нота на нероли во споредба со оригиналот и со нов баланс на познатите мирисни состојки. Сандалово дрво, тонка зрна и ванила сместени се во основата на мирисот за да се создаде поудобен и побогат мирис.
Новиот Joy by Dior Intense ќе биде достапен во 50 и 90 мл, како Eau de Parfum Intense.