Мирисниот пар на брендот Armani, Emporio Armani She & He беше лансиран во 1998 година во соработка со парфимерите Daniela Andrier, Alain Astori и Carlos Benaim. Мирисите станаа многу популарни кон крајот на 90-тите и во текот на 2000-та, а во меѓувреме некаде во 2010 година тие беа дисконтинуирани. Armani, како бренд миленик на многумина ги враќа во парфимериите пред крајот на 2020 година во препознатливите, но полесни шишиња со 70% помалку пластика во согласност со политиката на еколошка одржливост на брендот.
Emporio Armani She (Lei/Elle/She/Ella…)
Emporio Armani She е опишан како мирис за жена во движење, со пудреста и ориентално-цветна композиција. Од една страна е елегантен, избалансиран и препознатливо моќен мирис, а од друга страна е деликатен и интимен. Мешавината од нежни цветни, хелиотропни и бадемови ноти и милувачката трага од арома на ванила и кедар во совршена хармонија создаваат свеж и заводлив женски парфем.
Женскиот парфем Emporio Armani She е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.
Emporio Armani He (Lui/Il/He/El…)
Emporio Armani He е сензуален и дрвенест машки мирис, инспириран од безвременската мажественост. Композицијата со природна, блесква мешавина од јапонското цитрусно овошје yuzu, жалфија и кардамон, содржи скапоцени дрвенести ноти и топол мошус.
Машкиот мирис Emporio Armani He е достапен во 30, 50 и 100 мл, како Eau de Toilette.