Секоја сезона со себе носи нови трендови, а оние што најмногу ги очекуваме во светот на убавината се трендовите во маникирот. Есента порано беше резервирана за загасити палети на бои, каде преовладуваа маслинестите, кафеавите и бордо нијанси, но оваа студена сезона носи нешто ново и малку поразлично. Сепак, без разлика дали сте љубителка на класичниот маникир или сакате откачени трендови, оваа есен секој ќе може да најде совршен маникир за својот стил кој ќе одговара во различни прилики, бидејќи трендовските маникири изгледаат пристојно, но истовремено навистина кул.
Францускиот маникир повторно е во тренд!
На Instagram профилите на познатите козметички салони пронајдов одлични инспирациии што може да ви послужат следниот пат кога ќе одите во салон за убавина. Зборувајќи за трендовите, францускиот маникир повторно е во тренд, но овој пат доаѓа во малку поинакво издание, па наместо класичниот бел француски маникир, се повеќе се популарни оние во откачени бои како зелена, сина и портокалова. Исто така, популарна е вечната црвена боја која не знае за трендови или сезони, а одлично изгледа како дел од nail art, но и во комбинација со нијанси на беж, портокал, розе… Иако загаситите бои се заштитен знак на секоја есенска колекција, пастелните палети не паднаа во втор план. Напротив, тие оваа сезона изгледаат поубаво од кога и да било, особено во големиот тренд оваа сезона каде секој прст е обоен со различна боја.
Најубавите инспирации од Instagram меѓу кои ќе ја пронајдете совршената за вас!
Минималистите ќе бидат многу задоволни, бидејќи обичниот маникир надополнет со детал како црна точка ги освои социјалните мрежи. Доколку барате совршен маникир за оваа есен, во продолжение ви ги нудам најубавите инспирации од Instagram меѓу кои сигурно ќе ја пронајдете совршената.