Како универзален синоним за време за кое нема почеток и крај, Eternity Calvin Klein ја продолжува својата традиција со претставување на машкото издание Eternity Calvin Klein Eau de Parfum.
Модерна и освежувачка верзија на култниот Eternity!
Исполнет со безвременски и сензуални карактеристики на оригиналниот Eternity, новиот мирис е прво парфемско издание за мажи, модернизирана и освежувачка верзија на култниот Eternity.
Од лансирањето во 1988 година, Eternity успеа да ги одржи вредностите што го прославија – романтика, љубов, интимност и посветеност. Како што мажите ги балансираат најразличните аспекти во нивните животи, така Eternity Calvin Klein не постои само во моментот, туку засекогаш, во моментите кои се протегаат до вечноста.
Семејна приказна видени низ очите на современиот татко!
Во кампањата за машкиот Eternity Eau de Parfum, портретот на Jake Gyllenhaal е направен во црно-бела техника, слика за модерен маж чиј мирис е исто толку силен и софистициран како него. Тука, култното шишенце со блескава зелена содржина, сместено на карпа која е заплискана од дивите морски бранови е како потврда за возбудливата свежина на мирисот. Рекламниот спот започнува со сцена на црно-бели бранови што се кршат на карпите, а потоа продолжува со семејна приказна во која се прикажани интимни, скапоцени моменти видени низ очите на современиот татко.
Софистициран и интензивно мажествен мирис!
Софистициран и интензивно мажествен, Eternity Eau de Parfum содржи карактеристична fougere (папрат) есенција, но со додавање на нови, модерни дрвенести ноти што ја збогатуваат мирисната композиција. Култната fougere есенција е реинтерпретирана со ноти на жалфија што дава остра свежина. И додека чемпресот го прави мирисот повеќе мажествен и сензуален, акордот на антилоп кожа ослободува елегантен и моќен дрвенест траг.