- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Заборавете на вашата сува кожа за време на студените денови, наместо тоа уживајте во вашите сетила со мека кожа и нежен мирис обезбеден од уникатните производи на линијата UreaRepair Plus со 5% уреа од Eucerin!

Eucerin UreaRepair Plus 5% Urea Shower Foam Eucerin UreaRepair Plus 5% Urea Lotion

Уреа за хидрирана и мека кожа во зимските денови!

Намалена еластичност, црвенило, лупење – студеното време може да биде многу грубо со нашата кожа. Во зимскиот период потребно е да ѝ посветите на вашата кожа дополнителна нега за да ја заштитите од сушење и прерано стареење. За да изгледате и да се чувствувате одлично, клучно е да ѝ овозможите интензивна и долготрајна хидратација на вашата кожа. Во рутинската нега вклучете длабинска хидратација бидејќи студот и ветерот ја нарушуваат функцијата на природната бариера на кожата, што предизвикува зголемено губење на влажноста низ кожата.

Shower Foam

Body lotion

- Реклама -

Парфимирана пена за туширање и парфимиран лосион за тело!

Во зима први на удар се деловите што се директно изложени на надворешно влијание, како што се лицето и периферните делови на телото, нозете, стапалата и рацете. Тие имаат потреба од интензивна нега со дерматолошки тестирани производи кои содржат уреа и одговараат на кожата.

Eucerin UreaRepair Plus 5% Urea Lotion bottle

Затоа, линијата на Еуцерин за нега на сува и груба кожа сега е збогатена со 2 нови производи. Тие, покрај тоа што овозможуваат длабинска хидратација, имаат и смирувачки мирис. Овие производи помагаат кожата да ја добие потребната нега, но и убаво да мириса. Станува збор за Eucerin UreaRepair Plus парфимирана пена за туширање и Eucerin UreaRepair Plus парфимиран лосион за тело.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eucerin North Macedonia (@eucerinnmk)

Уреата се смета за еден од најважните и најмоќни природни хидратантни фактори на кожата. Заради намалената функција на лојните жлезди кај сувата кожа, во производите има ставено и церамиди. Церамидите се природна состојка на кожата, која видно ја подобрува бариерната функција на кожата. Освен претходно наведените активни состојки, во лосионите за нега на кожата на телото има и глуко-глицерол. Тоа е супстанција која ја активира аквапоринската мрежа и овозможува оптимална хидратација на кожата во длабочина.

Eucerin UreaRepair Plus 5% Urea Shower Foam

Еуцерин производи со различна концентрација на уреа!

Линијата на производи Eucerin UreaRepair Plus содржи повеќе производи со различна концентрација на уреа. Целта е да се задоволат индивидуалните потреби на сувата кожа за замастување, хидратација, отстранување на изумрените површински клетки и смирување на интензивниот јадеж.

Сите овие бенефити можеме да ги искористиме за нега на сува и многу сува кожа, зрела сува кожа, невродерматитис, дијабетес, псоријаза и слично и да уживаме во својата кожа.

Eucerin UreaRepair Plus 5% Urea Lotion