Што е страст?
Што е страст? Моќна емоција, храброст, одважност, интензивен и содржаен живот.
Од Armani пристигнуваат вести за лансирање на ново издание од мирисната линија Sì, наречен Si Passione.
Si Passione ја ослободува страствената природа на храбра, женствена и слободна Sì жена. Станува збор за интензивен и бескомпромисен мирис за жена со самодоверба која спремно донесува екстремни одлуки, за жена која смело вели да.
Парфем кој емитува самодоверба, заведување и сила!
Sî Passione е реинтерпретација на оригиналот, давајќи му нова димензија, опишана како неодолива комбинација на грациозност, моќ и независен дух. Sî Passione е опишан како сензуален парфем кој емитува самодоверба, заведување и сила.
Бојата го доловува ефектот на црвен кармин преку шишето!
Внатрешноста на живописното шише на мирисот Sî Passione, украсено е со сјаен лак во вибрантна енергична нијанса на совршена интензивна црвена боја, добиена благодарение на многубројните пробни испитувања. Мирисот е видлив преку чистата деликатна линија на препознатливата Sî силуета. Бојата го доловува ефектот на црвен кармин преку шишето.
Свежината и енергијата како налет на адреналин!
Во мирисот Sî Passione повторно ја препознаваме карактеристичната мирисна трага на нектар од црна рибизла. Свежината и енергијата како налет на адреналин се претставени во горните ноти на розовиот бибер, заедно со овошни акорди и потписот на црната рибизла. Срцето ги комбинира силните цветни ноти на топлата база од ванила и кедар.
Заштитно лице на парфемот е актерката Cate Blanchett.