- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Кога сакате да подарете совршен подарок, постојат многу убави парфеми кои можат да им донесат насмевка на лицата на вашите најблиски. Некои имаат еден омилен мирис или одреден бренд на парфеми на кој му се верни, па затоа добро обрнете внимание на тоа кога имате намера да подарите парфем. Но, има многу жени кои бескрајно го ценат убавото шишенце со парфем што со задоволство ќе го прскаат на кожата секој пат пред да излезат. Ако некому купувате парфем и не сте сигурни во неговите преференции за мирис, веројатно најдобро е да се држите до цветните и ванила аромите, едни од најпопуларните низ целиот свет.

Парфем како совршен подарок!

Од некоја причина, луѓето често мислат дека купувањето парфем е ризичен потфат, бидејќи е толку личен и секој има свој посебен и рафиниран вкус. Сепак, ако некој ви подари парфем, дали навистина ќе се вознемирите? Веројатно не! Плус, ако подарувате мирис на близок или член на семејството, веројатно веќе знаете кои мириси ги претпочитуваат, па така и вашиот избор не треба да биде премногу комплициран. Парфемите понекогаш можат да бидат збунувачки и ако не ја знаете разликата помеѓу акорди и нота или што го прави мошусниот мирис различен од дрвенестиот, купувањето преку Интернет може да биде премногу за вас, затоа одвојте време да одите во парфимерија и да го испробате тестерот. Во продолжение ви нудам водич за шопинг на различни парфеми кои секого ќе го воодушеват.

Versace Dylan Turquoise

Живописен и блескав, Dylan Turquoise ја отелотворува традицијата и иновативноста, надополнувајќи ја мирисната линија Dylan Blue Pour Femme и Pour Homme. Лимонот primofiori кој се смета за лимон со најдобар квалитет му дава на овој мирис постојана зелена нота и експлозија на светлина. Придружуван од италијанска мандарина од Сицилија, комбинирајќи молекули на мириси, нуди повеќекратни ноти.

Versace Dylan Turquoise

Hugo Boss Alive

Boss Alive e мирис за жени кои прават смели потези. Независни, елегантни и моќно женствени – жените кои го претставуваат духот на Alive веруваат дека спонтаноста и среќата се исто толку важни за нивната приказна исто како и посветеноста и фокусот. Тие знаат дека да се биде своја е нивната најголема сила. Boss Alive е создаден да го прослави блаженството на секој момент, потсетник да се живее животот секој ден до максимум.

- Реклама -
Hugo Boss Alive

L’Occitane Rose Saffron

Мистериозен мирис кој е свеж и богат, женствен и мажествен. Мирис кој суптилно опфаќа силни и волшебни ноти. Инспириран е од шафран, редок и скапоцен зачин, кој открива богати и длабоки мирисни ноти. Неговиот мирис е составен од волшебни ноти на розата од Grasse, полна со длабочина и сила, нагласена со неодолива свежина.

L’Occitane Rose Saffron

Lancôme Idôle

Idôle е мирис кој е посветен на оние кои ги следат своите соништа, нова генерација на жени што го освојуваат светот, силни, отворени и моќни, нови идоли кои на другите им го трасираат патот до успехот. Idôle е мирис што зрачи со сензуалност. Свеж и заводлив, раскошен и благ Idôle е мирис зад кој стои приказната за успехот и препознавањето на фактот дека небото не е граница. Ексклузивен акорд кој потсетува на чист мирис кој сите го обожаваат. Мирисот е целосна сензација.

Lancôme Idôle

Giorgio Armani Because It’s You

Because It’s You едноставно е неодолив, како зрела малина во својата совршена и најелегантна природност во комбинација со ноти на нероли. Мирисот е нежно женствен, инстинктивен и страствен. Неговиот шарм веднаш е очигледен како и заразниот софистициран мирис на роза. Мирисот игра со моќта на заведување додека ванилата се меша со мошусот, откривајќи комплексна и неверојатно длабока сензуалност.

Giorgio Armani Because It’s You

Valentino Voce Viva

За Lady Gaga, заштитното лице на женскиот парфем Voce Viva на брендот Valentino, мирисот служи како продолжување на силата, моќта и самодовербата на еден од нејзините вродени подароци: гласот! Мирисот Voce Viva го слави гласот на секоја жена! Мирисната композиција се состои од три слоја. Првиот слој или „нота на бојата“ вклучува цитрусни ароми. Вториот слој или „модна нота“ вклучува прекрасен букет на бели цвеќиња. Третиот слој или „ладна нота“ содржи неочекуван акорд на кристален мов завиткан во ванила.

Valentino Voce Viva

Calvin Klein Euphoria

Euphoria од Calvin Klein е ориентален цветен мирис за жени. Мирисот е сочен и блескав како овошје, како мирисите кои ги содржи во себе. Мистериозен и привлечен како темно егзотично цвеќе, мирисот ве повикува да уживате во задоволствата на животот.

Calvin Klein Euphoria

Chloé Nomade

Nomade ја буди визијата за бегство. Парфем кој го доловува духот на едноставната елеганција, на самоувереност комбинирана со слобода која го дефинира духот на Chloe. Овој мирис ја евоцира визијата за слобода и потребата за бегство. Свеж изглед и нови перспективи го дефинираат овој мирис и ја истакнуваат привлечноста на жената која е во потрага по авантури. Мешавина од нежност и моќ, нотите на овој моќен цветен мирис дуваат како ветровите на слободата.

Chloé Nomade

Jean Paul Gaultier Scandal

Scandal е приказна за мед и пачули! Гурманска, карамелизирана и кремаста бомба со цветови од гарденија. Директен, секси и многу интензивен мирис! Scandal е создаден да ги прекрши сите правила, да понуди нешто ново и модерно, но истовремено моќно и елегантно.

Jean Paul Gaultier Scandal

Marc Jacobs Daisy

Daisy е цветно-дрвенест мирис, посветен на софистицираните, заводливите жени кои сјаат, но жени кои истовремено се истакнуваат со својата едноставност.

Marc Jacobs Daisy