- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ноќта на вештерките или попопуларно – Halloween традиционално се слави во САД, Австралија, Канада и Нов Зеланд, но станува се попопуларен и кај нас. Одлична можност да ја пуштиме нашата имагинација и да се осмелиме барем еднаш годишно да бидеме што сакаме. Покрај мирна рака и трпение, потребна е и малку фантазија. Типични бои за Ноќта на вештерките се: портокалова и црна, првата асоцира на бојата на тиквите, а втората со стравот и лилјаците, но кога станува збор за шминка за Ноќта на вештерките – се е дозволено!

Спајдер девојка!

Освен тиквите, кои се главна карактеристика за Ноќта на вештерките, еден од симболите кои речиси секогаш го поврзуваме со Ноќта на вештерките се пајаците и мрежата што ја прават. Тие алудираат на страв и темнина, а ако вашиот избор за оваа вечер не е целосен костим, туку само некој омаж на еден од овие симболи во форма на шминка, издвоив неколку идеи за вас.

Со црн туш или молив за очи во неколку потези „исплети“ ја пајаковата мрежа под окото, а ако тоа не е доволно застрашувачки, додадете дополнителна доза на драма со помош на интензивна црвена или портокалова сенка. Кога ќе размислам малку подобро… во суштина, не е важно каква нијанса на сенка ќе изберете, важно е само да вреска!

пајажина

Сега е време за прв пат да залутате во оние скриени агли на вашите палети со сенки, кои никогаш не ги користите, затоа што мислите дека можеби се премногу агресивни за секој ден.

- Реклама -

Портокаловата е нова црна и обратно!

Дали портокаловите нијанси на кармин ве враќаат во детството, кога тајно ги земавте од чантата на вашата мајка и ги нанесувавте на усните додека никој не ве гледаше? Морам да признам дека целосно портокаловите кармини не се баш во тренд, па дури и кога се одлучуваме за потемна нијанса на кармин, обично „одиме сигурно“ и избираме црвени или кафени тонови.

Од друга страна, црниот кармин е нешто што повеќето од нас никогаш не би помислиле да го носиме, затоа што едноставно нема многу прилики, а можеби никогаш не сме го ни пробале и не знаеме како ќе ни стои. Едно е сигурно, кога во прашање е Ноќта на вештерките – портокаловата е нова црна и обратно!

Ноќта на вештерките портокаловата е нова црна

Можности за варијации има многу, но портокаловата најмногу поради асоцијацијата со тиквите, дефинитивно е вистински избор за Ноќта на вештерките, без разлика дали ќе ги краси вашите усни или очни капаци. Црната боја како бојата на темнината и лилјаците е добар избор за оваа ноќ, а на вас е да излезете од вашата комфорна зона, да ја пуштите фантазијата и да почнете да експериментирате!

Powerpuff Girl

Епизодите на Powerpuff Girls можат да послужат како инспирација за шминкање во најстрашната ноќ! Можеби се сеќавате на Blossom, Bubbles и Buttercup и нивните „заштитни“ бои кои ги носеа, а сега може да ни бидат инспирација за Ноќта на вештерките.

Ноќта на вештерките

Се прашувате кога повторно ќе биде вистинско време за зелен или син кармин, екстремно долги трепки, неон светкави нијанси на сенки или цртање срца на лицето? Одговорот е – во ова време, но следната година! Затоа, едноставно мора да искористите сè од вашиот арсенал за шминка, бидејќи можностите како оваа се ретки.

Жена пламен!

Црвената боја симболизира различни поими за сите нас, без разлика дали тоа е љубов, страст или моќ, но во најстрашната ноќ симболизира оган. Пламенот го поврзуваме со борбеност, храброст и непоколебливост, а сигурно е дека секоја од нас каде и да се појави сака да остави впечаток на силна, самоуверена, модерна жена која храбро граби кон целта и ги уништува сите препреки пред неа, исто како пламенот.

Соодветно на тоа, можете да го зачините вашиот cat-eye идеален изглед за Ноќта на вештерките со туш или молив за очи во црвена боја и да нацртате пламен за уште поефективен впечаток и храбар изглед. Како што веќе спомнав, во оваа ноќ се е дозволено, а црвениот кармин, туш за очи и сенка не се баш погодни за секојдневен мејкап изглед, па осмелете се да бидете храбри и да пленете со својот изглед!

пламен