Најновиот мирис на Hugo Boss штотуку е лансиран! Тоалетната вода Hugo Jeans е ревитализирачки мирис кој пристигна во едно од препознатливите Hugo шишиња, сега во мат тексас сина боја.
За мажи кои го следат својот пат!
Создаден за бунтовници и оние кои ги кршат правилата, Hugo Jeans e свеж и смел мирис кој ги надминува годишните времиња. Дизајниран е за оние мажи кои се осмелуваат да го следат својот пат.
Тоалетна вода која може да се носи во сите пригоди!
Композицијата на Hugo Jeans Eau de Toilette е дизајнирана да биде удобна како и вашите омилени Hugo фармерки. Како и совршените фармерки, оваа машка тоалетна вода може да се носи во сите пригоди, но сепак да биде тренди и стилски.
View this post on Instagram
Свеж и смел мирис!
Горните ноти на освежувачки грејпфрут и пенлива лимета се мешаат со срцевината од нане и бобинки од смрека, создавајќи излив на енергија. Суптилните ноти на сандалово дрво се искомбинирани со ветивер и кедрово дрво за да додадат топлина на мирисот.
Шише со мат тексас сина боја!
Обоено со мат тексас сина боја, шишето на Hugo Jeans е украсено со задебелено црвено-црно лого како култните Hugo фармерки. Контрастното сребрено капаче и син ремен од ткаенина го комплетираат шишето.
Има ли посовршена асоцијација?