Побарајте ја Hypnotizing Holiday – магичната празнична колекција на производи и сетови за подарок во MAC продажните места во Скопје во Сити Мол и во парфимеријата FABUspot во Ист Гејт Мол.
Hypnotizing Holiday – хипнотизирачки пакувања на омилените бестселери!
Колекцијата Hypnotizing Holiday има хипнотизирачки добри пакувања и полна е со омилените бестселери, но и производи кои досега не се видени. Покрај тоа, тука се и незаменливите сетови кои можете да си ги поклоните себеси, но и на вашите најмили. Колекцијата содржи магични кармини и руменила, блескави сенки, моливи за очи, како и трепки за очи.
Кои се цените на производите во празничната колекција?
Цените за производите од MAC Hypnotizing Holiday колекцијата се движат од 1.540 денари за кармините и сјаевите за усни, 2.500 денари за Hyper Real Glow Duo хајлајтерите, 1.410 денари за Powerpoint моливите за очи, 1.665 денари за Shadeshifter Duochrome сенките за очи, 1.090 денари за вештачките трепки, 2.565 денари за Extra Dimension Skinfinish Trio палетите со хајлајтери и 1.360 денари за Dazzleshadow Extreme сенките за очи.
Луди сте по сетови?
Од MAC Cosmetics се погрижија за вас, пристигнаа дури 18 магични сетови за подарок! Во продажните места на MAC Cosmetics во Скопје можете да ги пронајдете Hypnotizing Holiday сетовите во продолжение:
Box Of Tricks – празничниот адвентски календар!
Оваа сезона пристигна и празничниот адвентски календар Box Of Tricks. Тој навистина е полн со трикови и изненадувања, со дури 24 подароци. Се работи за календар кој содржи големи и мали MAC производи на кои нема да може да одолеете.
Помалку отпад, повеќе магија!
MAC ја споделува вашата посветеност кон животната средина. Пакувањата за празничната колекција се направени имајќи ја во предвид одржливоста и намалувањето на пластичниот отпад.
Од MAC ги елиминираа пластичните компоненти од празнична колекција, што е еквивалент на 500.000 пластични шишиња за вода. Повеќето од половина компактни производи во празничната колекција се дизајнирани за повторно користење. За оваа празнична сезона, колекцијата е спакувана во хартиена кутија која може да се рециклира.
Дознајте се за Back to MAC програмата!
На крај, од MAC ве повикуваат да ги вратите своите празни MAC амбалажи во продажните места во Скопје, во склоп на Back to MAC програмата, како би можеле заедно на старата пластика да и дадеме нов живот. Она што не може да се рециклира, се претвора во енергија.