- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Сè започна многу одамна, во 1916 година во малата лабораторија во стариот дел на градот Парма во Италија. Италијанскиот барон Carlo Magnani, создаде невообичаено свеж и модерен мирис за тоа време, првата вистинска италијанска колонска вода. Colonia Acqua di Parma беше сосема нов мирис кој со текот на годините го доби епитетот на безвременски.

Carlo Magnani

Симбол на стил!

Неговата формула остана непроменета до денешен ден, што не е изненадувачки бидејќи, благодарение на препознатливата класична свежина, сестраност и апсолутна ненаметливост, тој е омилен машки мирис (го сакаат и жените) ширум светот.

Шишето инспирирано од Art Deco, со класично црно капаче од бакелит, ја следеше популарноста на скапоцената течност што ја чуваше и набрзо стана вистински симбол на стил.

Acqua di Parma Note di Colonia Art Deco style

- Реклама -

Во педесеттите години од минатиот век, Colonia постигна меѓународен успех. Холивудските глумци кои беа поканети во Италија од големите мајстори на тамошната кинематографија, ги открија нејзините елегантни ноти кај легендарните италијански кројачи. Тие костимите по мера ги „доработуваа“ така што ги прскаа со мирисот Colonia Acqua di Parma. Благодарение на таа практика, која најдобро го отелотворуваше италијанскиот концепт на елеганција, Colonia од самиот почеток се поврзува со машкото кроење и на тој начин мирисот стана култен додаток.

Italian men style

Нови креативни насоки!

Во деведесеттите, тројца италијански претприемачи, страсни љубители на парфеми, сфатија дека време е да се модернизира и освежи култниот мирис Acqua di Parma со воведување на нови мирисни креации. Така овој класичен бренд тргна во нови креативни насоки, поблиску до модерниот стил на живот.

Елегантните и образовани мажи, како и софистицираните жени со префинет стил и вкус во брендот Acqua di Parma го препознаа целиот негов дискретен луксуз. Тие знаеја да го ценат огромниот напор во потрагата по скапоцени есенции и ја засакаа приказната на брендот кој своите знаења ги црпи од италијанскиот занаетчиски пристап.

Светот на Colonia тогаш беше збогатен со нови креации за домот, колекција од скапоцени предмети од фротир, мириси за дом и врвни парфимирани свеќи, симболи на најдобрата италијанска уметност на живеење.

Acqua di Parma Home Collection

Во 1998 година беше отворена првата историска Aqua di Parma продавница во Via Gesù во Милано, а само една година подоцна мирисната линијата Blu Mediterraneo го освои пазарот со уникатните жолти кутии кои го симболизираа сонцето, боите и енергијата на некои од најпознатите впечатливи локации во Медитеранот.

Profumo, првиот исклучиво женски мирис на брендот, беше лансиран во 1999 година како скапоцена парфемска вода, прекрасен мирис посветен на жените со вродена елеганција. Тој е пример за исклучителна вештина во создавањето на парфеми.

Yellow Package

Нова ера на елеганција!

21 век означи нова ера за Acqua di Parma, кога брендот се приклучи на концернот LVMH, водечка светска групација во производство и дистрибуција на луксузни производи. Во 2003 година беше создадена Colonia Assoluta, нов класик, мирисен портрет на модерен ренесансен човек дефиниран со оригинална и уникатна елеганција.

Лансирана во 2006 година, колекцијата Barbiere е линија на производи и додатоци за бричење дизајнирани за ритуали на машка елеганција. Женската линија Acqua di Parma истата година беше проширена со нова елегантна колекција на мириси инспирирани од најубавите цвеќиња на незаборавните италијански аристократски градини.

Acqua di Parma Barbiere

Култниот женски мирис Iris Nobile е првиот во линијата Le Nobili, посветен на благородни и софистицирани жени. Линијата еволуираше со текот на времето со повеќе нови креации: Magnolia Nobile, Gelsomino Nobile, Iris Nobile Sublime.

Acqua di Parma денес е бренд за современ начин на живот, длабоко вкоренет во традицијата на италијанското занаетчиско производство. Покрај елегантните, префинети и безвременски мириси, на своите клиенти им овозможува уникатни искуства и локации. Следејќи ја оваа идеја, во 2008 година беше отворен првиот Blu Mediterraneo SPA во ексклузивното италијанско одморалиште Porto Cervo. Следеше оној во Венеција во 2013 година во хотелот Gritti Palace, уште едно култно место со голема историска традиција и омилена дестинација за патниците од целиот свет.

Blu Mediterraneo SPA

Денес Acqua di Parma е глобално познато парфемско име кое и покрај големата популарност, сепак ги заобиколува патеките на масовната продажба и останува резервирано за обожавателите на уникатната италијанска елеганција и уметност на живеење.

Само во FABUspot Мериот и Cosmo Сити Мол!

Acqua di Parma парфемите кај нас можете да ги најдете во парфимеријата FABUspot во хотелот Мериот и во Cosmo Сити Мол во Скопје.

Acqua di ParmaColonia