- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

„Ја создадов оваа нова креација на Joy by Dior, базирана на идејата на наплив од цветови кои доаѓаат со голема брзина кон нас, кои изгледаат како силна светлина што потсетува на огномет“ – Francois Demanchy, креатор на парфеми за брендот Dior.

Новиот Joy by Dior Intense е парфем кој ја претставува среќата преку експлозивната композиција на мириси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dior Parfums (@diorparfums) on

Го чувствувате како минува низ телото!

Мирис кој ги пренесува сите животни радости, кој го чувствувате како минува низ телото, кој ја изразува миризливата сензација на постоењето, каде што нема можност за непредвидени случувања.

- Реклама -

Нов баланс со добро познати состојки!

Заслепувачката светлина на сочниот цитрус се меша со шарениот сјај на розите од Grasse и јасмин, интензивиран со дрвенести ноти на сандалово дрво со завршни и јасни ноти на ванила.

Парфемот е сензуална композиција со дополнителни ноти на нероли. Во споредба со Јoy by Dior, првото издание на оваа едиција од 2018 година, новиот мирис Joy by Dior Intense претставува нов баланс со добро познати состојки.

Може да го пробате во…

Новиот Joy by Dior Intense парфем може да го пробате во парфимериите Anabella Мериот и Anabella во Скопје Сити Мол.