Женскиот Versace Dylan Purple е мирис од колекцијата што ги вклучува Versace Pour Femme Dylan Blue од 2017 година и Versace Pour Femme Dylan Turquoise од 2020 година.
Мирис инспириран од хипнотичко зајдисонце покрај водата!
Женскиот мирис Dylan Purple е инспириран од моментите поминати на италијанските плажи и хипнотичкото зајдисонце покрај водата со виолетови рефлексии и нежен миризлив ветер.
Лице на мириот – Iris Law
Елегантниот Dylan Purple мирис ќе ве пренесете до бескрајно лето со кампањата на Versace во која главна ѕвезда е англиската актерка и манекенка Iris Law. Преку овој мирис модната куќа Versace ја враќа едноставната, чиста и неукрасена среќа.
Елегантен мирис со виолетови рефлексии!
Dylan Purple е светол и елегантен мирис. Блескав бергамот е помешан со разиграните и весели тонови на свежо набран портокал. Деликатните мириси на фрезија носат експлозија од светла виолетова боја.
Цветното срце претставува зајдисонце покрај водата со виолетови рефлексии и благ миризлив ветер. Цветно-овошниот состав вклучува ноти на горчлив портокал и бергамот од Италија, круша и виолетова фрезија.
Шише кое потсетува на амфора!
Елегантните облини на шишето потсетуваат на амфора, силно евоцирајќи ја класичната култура и митологијата која длабоко е врежана во имагинацијата на Versace. Со букви во барокен стил испишано е името на Versace брендот.
Versace Dylan Purple е достапен во шишенца од 30, 50 и 100 мл, како Eau de Parfum.