Уште во далечната 1951 година, фотографот Henri Cartier-Bresson го „фати“ момент помеѓу Christian Dior и Lucky, еден од неговите омилени модели. Нивната радост на фотографијата е опиплива, вистинска и искрена и токму тоа задоволство, односно „Joy“ стана потпис на модната куќа Dior, лајтмотив на луксузниот бренд. Креаторот на парфемите Dior, François Demachy создаде нова верзија на Joy – Joy Intense, а неговата идеја беше да создаде парфем составен од раскошни цветови кои се продорни и блескави како огномет. Неговата желба беше да ја потенцира сензуалната страна на парфемот и да му даде нов изглед – создавајќи парфем кој ги спојува кремастите и дрвенестите ноти, а во центарот на парфемот се наоѓа роза од градината, блендиран со ноти од јасмин, но и еден новитет! Се работи за ванила од Мадагаскар кој на целата мирисна композиција му дава благост и нежна топлина.
Joy Intense – цветен, живописен, волшебен…
Joy Intense е цветен, живописен, но и волшебен благодарение на нотите на нероли, а на цветната мешавина додадени се акорди на кремастата сандаловина. Особено внимание е посветено на нејзиното одгледување, бидејќи потекнува од насадите во Шри Ланка и има одлични квалитети. Кога почнува да ‘рти се префрла на плантажата каде е под постојана контрола цели две години, а резултатот е исклучителен квалитет што убаво се меша со цветните ноти. Сандаловината и неролито заедно ја истакнуваат убавината и темпераментот на Joy Intense парфемот, а на крај се додадени и дрвенести ноти. Заводливиот мошус на парфемот му даваат мек допир, а на композицијата е додаден пачули создаден во процес на дестилација.
Секоја нота е внимателно избрана за да се постигне најдобар квалитет!
Кај парфемот на Dior – Joy Intense секоја нота е внимателно избрана и додадена за да се постигне најдобар квалитет.