- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Ако не можете да ги замислите рацете без лак за нокти, сигурно се среќавате со проблемот наречен жолти нокти. Ова се случува затоа што потемните лакови за нокти поради хемиска реакција може да ја обојат плочата на ноктите. Ова појава тешко е да се предвиди, бидејќи не се случува на секого, ниту пак со секој темен лак. Знаеме колку овие жолти дамки на ноктите се непријатни, па затоа ви предлагам неколку брзи начини да се ослободите од жолтите нокти.

Жолти нокти, причини!

Лакови со темни нијанси!

Најчеста причина за појавата на жолти нокти е од употребата на темни лакови, како црна, темно сина, темно црвена. Овие лакови имаат многу поголема тенденција за пожолтување на ноктите од другите нијанси. Особено ако ги носите често и подолго време. Овие дамки можат да траат со денови или недели.

Формалдехид!

Опасна и докажано канцерогена состојка особено кај поевтините лакови, може да предизвика пожолтување на ноктите. Во реакција со кератинот кој е составен елемент на плочата на ноктите, ја прават кршлива и жолта. Не употребувајте ги лаковите што содржат формалдехид!

- Реклама -

Пушењето!

Најчеста причина за жолти нокти покрај лакирањето, е катранот и никотинот од цигари. Ако вашите нокти се жолти од оваа причина, најдобро решение е да се откажете од пушењето!

Индикација за инфекција на ноктите!

Многу поретко се јавува, но жолтите нокти може да бидат знак за појава на габична или друга инфекција на плочата на ноктите, особено ако се пропратени со симптоми како што се искривување и задебелување на ноктите. За овие проблеми треба да се јавите кај вашиот лекар!

Недостаток на хранливи материи во телото!

Жолти нокти може да укажуваат на недостаток на хранливи материи во телото особено на железо и цинк.

Здравствени проблеми!

Болести на белите дробови, црниот дроб или тироидната жлезда, исто така може да имаат симптом на жолти нокти. Ако се сомневате во овој проблем, мора да се јавите кај вашиот лекар!

Неколку совети како да ги избелите ноктите!

Ќе ви предложам неколку совети како да ги избелите ноктите пожолтени од лакот за нокти, бидејќи ова е чисто естетски проблем. За другите причини за појава на жолти нокти, може да бидат симптоми за нешто посериозно, па затоа прво пробајте да го решите суштинскиот проблем, па жолтите нокти ќе исчезнат!

Превенција од жолти нокти, база за лак!

За да ги спречите жолтите нокти од користењето на лак за нокти, нека ви биде навика да користите база за лак пред секое лакирање на ноктите. Но, не смеете да бидете мрзливи и да пропуштите некое лакирање. Секое нанесување на лак за нокти нека биде после припремата на ноктите со база. Се суши релативно брзо, така што нема значително да го продолжи процесот на лакирање. Базата делува како бариера која ќе го спречи продирањето на пигментните на лакот во плочата на ноктите. Покрај тоа, ќе го продолжи времетраењето и отпорноста на вашиот лак.

Избелите ги ноктите дома, Направи сама!

Паста за заби со ефект за избелување!

Ако дамките на ноктите се со светла или розова боја, по отстранувањето на лакот, нанесете малку паста за заби на ноктите и нежно да ги исчеткате со стара четка за заби. Ова не функционира кај долготрајни дамки!

Раствор на хидроген!

За долготрајни жолти дамки на ноктите се меша 3 до 4 лажици од 3% хидроген со половина чаша топла вода добро помешани во плиток сад. Потопете ги ноктите две минути во течноста, а потоа нежно четкајте ги со стара четка за заби или четка за нокти. После тоа, хидрирајте ги вашите нокти со крем или масло за кутикули. Ако жолтите дамки на вашите нокти уште се присутни, користете ја оваа техника 2 до 3 пати неделно за да се ослободите од дамките.

Сок од лимон!

Натопете ги ноктите во сок од лимон и ќе ги отстраните жолтите нокти. Исцедете цел лимон во сад и држете ги ноктите во сокот од лимонот 10 до 15 минути секој ден, додека не сте задоволни со резултатите. Хидратацијата на ноктите е задолжителна после третманот!

Паста од хидроген и сода бикарбона!

Мешајте лажица хидроген со две и пол лажици од сода бикарбона во мала чинија. Користејќи стапче за уши, нанесете ја оваа мешавина на секој нокт, покривајќи ја целата плоча за ноктите. Чувајте ја смесата на вашите нокти 3 минути, а потоа исплакнете. Повторете го третманот секои 6 до 8 недели.

Полирање на ноктите!

Бидејќи жолтите дамки се на површинскиот слој на ноктите, светлите дамки може да ги отстраните со нежно полирање на ноктите со помош на турпија за полирање. Не претерувајте со често полирање, бидејќи може да доведе до слабеење и пукање на ноктите.