Во последниве години кремастиот кармин за усни кој го обожаваа генерации на жени го замени трајниот течен кармин. Популарноста на течниот кармин се должи на прецизноста при нанесувањето, издржливоста и богатата палета на бои, но и поради разновидноста на финиш-ефектите кои ги остава на усните. Црвените и нуд нијанси очекувано ги воодушевуваа сите љубители на убавината, но мат ефектот ја освои бјути сцената со ефектниот изглед и импресивната издржливост.
По луксузните брендови за убавина, своите варијации на тема течни кармини за усни со мат-ефект ги понудија брендовите што може да ги пронајдете во вашата најблиска парфимерија, со прифатливи цени. Последната линија на течни кармини со мат ефект можеби за вас ќе биде најмногу фасцинантна?
Кармини за усни со раскошни бои и сладок мирис!
Инспирирани од прекрасните бои и слаткиот мирис на омилените француски колачи – макаронс, L’Oréal Paris претстави нова колекција на кармини која пристигна во парфимериите и носи нови мејкап фаворити, совршени за летните денови.
Новата Les Macarons линија со потпис на култниот бренд L’Oréal Paris носи течни кармини за усни инспирирани од францускиот десерт – во повеќе раскошни нијанси и со мирис на слатките макаронс. Покрај црвена, нуд и бери нијансите, заводлив и ефектен изглед, издржливоста на новиот L’Oréal кармин, вашите усни ќе ги направи беспрекорни и тоа со часови и мат-финиш ефект.
Екстремно пријатни на усните, но со моќен пигмент кој нема да помине незабележан, L’Oréal Paris Les Macarons кармините за усни оваа година ќе бидат совршен мејкап производ во кој ќе најдете луксузни бои за ефектна трансформација и наједноставен мејкап изглед.
Како да ги нанесете овие течни кармини со ултра-мат ефект!
При нанесување на овој кармин, внимавајте да не поминете преку рабовите на усните, особено кога станува збор за интензивните бои. Течниот кармин прво нанесете го на горната усна, почнувајќи од центарот, а потоа продолжете до краевите на вашите усни, а само тогаш со помош на четката-апликатор нанесете на долната усна. Освен што бојата ќе остане постојана во текот на целиот ден, на вашите усни ќе се шири мирисот на макаронс колачињата.
Познати личности веќе се заљубени во Les Macarons течните кармини со ултра-мат ефект. Тие не можат да одлучат што повеќе ги привлекува – неодоливиот мирис, издржливоста или неверојатниот спектар на нијанси за секоја пригода.
Дали сте подготвени за течен кармин со мирис на макаронс колачиња?
Едвај чекам да ги пробам сите бои на овој фантастичен кармин за усни со заводлив мирис на макаронс колачиња, а вие?