Сигурно сте се запрашале дали квалитетен отстранувач на лак за нокти има влијание врз долготрајноста на маникирот, односно дали совршено лакираните нокти ќе траат двојно подолго?
Постојано сме во потрага по нови трикови за убавина, трендови, хит производи и совети. Честопати мислиме дека веќе сме слушнале се, но дефинитивно тоа не е точно. Можеби знаеме како да избегнеме карминот да ни се пресликува на забите, како и сите правила за обликување на веѓите.
Но, кога станува збор за домашен маникир, може да мислиме дека го следиме секое правило што постои, но многу веројатно е дека не е така!
За што се работи?
Дали секогаш користите стаклена турпија за да не ги оштетите вашите природни нокти? Се грижите за вашите кутикули? Дали користите квалитетен лак за нокти? Го правите сето тоа, но вашиот лак за нокти не трае подолго од неколку дена.
Постои уште една мала ситница за која веројатно не сте помислиле или сте ја сметале за неважна, а толку е едноставна и може да ги реши сите ваши проблеми поврзани со маникирот. Се работи за правилен избор на отстранувач на лак за нокти!
Се што отсекогаш ви недостасувало е квалитетен отстранувач на лак!
Не станува збор за лакот што го користите или начинот на кој го нанесувате. Верувале или не, работата е во отстранувачот на лак за нокти што претходно сте го користеле. Обично, многумина го избираат најдобриот, најдолготрајниот лак, но земаат најповолен отстранувач на лак, под претпоставка дека сите се исти. Сепак, експертите за убавина велат дека квалитетен отстранувач на лак за нокти ќе го продолжи времетраењето на вашиот маникир.
Се што треба да направите е да го употребите за да го отстраните постоечкиот лак за нокти, како и да ги подготвите вашите нокти пред да нанесете базен лак за нов маникир. Лакот за нокти ќе ви трае подолго без лупење, што значи дека можете безгрижно да креирате слатки дизајни и да инвестирате време за да создадете совршен маникир.
Се разбира, ќе биде потребно некое време да користите квалитетен отстранувач за вашите нокти прво да закрепнат, но навистина ќе вреди.