Дали би пробале маникир инспириран од обликот на корнет и бои на сладолед?
Летните ритуали за убавина секогаш носат посебно задоволство, особено кога се поврзани со нашиот одмор покрај вода, кога сè е дозволено. Токму тогаш посакуваме да пробаме некој нов парфем што досега не сме го користеле. Козметичкиот несесер го надополнуваме со луксузно масло кое има златен сјај за нагласување на тенот.
Но, најмногу од се посакуваме да испробаме некој тотално кул маникир со кој не би можеле да се замислиме кога сме на работното место во текот на годината.
Совршено негувани нокти со префинет маникир во знакот на најубавите бои на сладоледот!
Летото нуди голем број на нови, неоткриени и забавни можности, а ведрината и шарениот оптимизам на летото најдобро се доловува со трендовските маникири што ќе ги носиме до крајот на летната сезона. Најубави летни маникири пронајдов за вас, за да добиете совршено негувани нокти со префинет маникир во знакот на боите на сладоледот.
View this post on Instagram
Маникири во бои на сладолед!
Во летната сезона вашите нокти стануваат како вистинско сликарско платно и подлога за најубавите летни бои од кои оваа сезона особено доминираат боите на сладоледот. Пастелно розова, пастелно сина и пастелно зелена се три шарматни и нежни летни бои кои би можеле да ги испробате, но ако сте во потрага за нешто повеќе експресивно, коралната боја со силна примеса на портокалова ќе биде голем хит.
Не мора да се потпрете исклучиво на еднобојни нокти. Поиграјте со деталите и вашите нокти, декорирајте ги со точки или интересен геометриски облик инспириран од корнетот и боите на сладоледот. Летната сезона станува уште позабавна ако целосно ги напуштите правилата и ноктите на вашите раце ги обоите со лак за нокти во неколку различни бои исто како богат корнет со сладолед.
Можностите се бескрајни, а на вас останува само да ја вклучите вашата имагинација!