Лила Филиповска, најпознатата ТВ водителка реши да ја испроба својата среќа во бизнисот со убавина и на својот Инстаграм профил најави лансирање на парфем со свој потпис, наречен Love by L. Ако сте обожавател или следбеник на Лила Филиповска, сега имате можност да бидете барем малку поблиску до вашата омилена ТВ водителка.
View this post on Instagram
Жена без парфем е жена без иднина!
Обожавателите на Лила се воодушевени од можноста „љубовта од Лила“ да се добие на подарок или да се подари во малечко пакување, но во голема доза! Сега може да го подарете нејзиниот парфем на вашата сакана и таа ќе мириса на Лила! „Прекрасно мирисаш“ ќе биде еден од најубавите комплименти што ќе ги добиете со Love by L.
Бленд од цитрусни ноти и бели цветови!
Новиот парфем е најавен како бленд од цитрусни ноти и бели цветови и со својата магична арома ќе ве издвои од толпата.
Мирисна композиција сокриена во кристално шишенце!
Прекрасното кристално шишенце крие композиција од миризливи етерични масла и природни ароматични соединенија.
Love by L е автограм на Лила Филиповска!
Ништо не е поважно од парфемот! Тоа е автограм на една жена, затоа верувам дека овој нов парфем ќе биде полн погодок!
Како да го набавите Love by L?
Новиот парфем Love by L ексклузивно може да го набавите онлајн, а повеќе информации ќе пронајдете на Инстаграм профилот на Лила Филиповска – @lilafilipovska (пратете порака во DM).