- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Без разлика на потребата да ги нашминкате вашите очи, моментот кога ќе решите да ги потенцирате очите со шминка, зборува дека сте подготвени да заиграте на „се или ништо“! Без претерување – од вештината на шминкање на очите зависи целокупниот изглед! Дури и кога остатокот од шминка е совршен, тоа не може да ги „извлече нештата“ ако очите не се беспрекорни!

Освен фактот дека многу е важно да ги следите правилата поврзани со формата, позицијата и бојата на очите, имајте на ум дека една линија на очниот капак одлучува дали ќе изгледате смело, мистериозно и заводливо или посакуваната драматичност ќе заврши со несакана драма.

И сега неизбежното прашање: молив за очи или туш за очи? Ако не сте сигурни што најдобро ви одговара, ќе се обидам да ви помогнам.

- Реклама -

Моливот пишува со срце!

Овој класичен мејкап производ отсекогаш се наоѓа во вашите козметички несесери и тоа со причина! Лесно се нанесува, изгледа природно, а во зависност од изгледот што сакате да го постигнете, линијата може да биде мазна или неуредна. Трагите од боја не се толку интензивни како што е случајот со тушот за очи и токму тоа е причината зошто со молив за очи се постигнува далеку поприроден изглед. Покрај тоа, грешките во шминкањето полесно се поправаат.

Многумина веруваат дека главниот недостаток на овој производ е обврската да имате острилка со вас во секое време, но овој проблем е надминат. Денес, има бројни варијации, како што се моливи кои имаат вградена острилка како дел од пакувањето или оние на извлекување. Што се однесува до боите, не заборавајте дека има и други освен црни! На пример, виолетовата одлично стои со кафени очи, сива и светло-кафеава со сини очи, додека белиот молив е идеален за долните очни капаци, затоа што го „отвора“ погледот и ве подмладува.

Туш за очи за драматична завршница!

Првото прашање што се наметнува за овој мејкап производ е: гел, течен или фломастер? Одговорот зависи од тоа каков ефект сакате да постигнете и колку е мирна вашата рака. Течниот туш обезбедува драматична завршница. Со него можете да нацртате многу тенки, еднакви и пред сè прецизни линии по должината на очниот капак, а неговиот главен недостаток е тоа што трагите (со тоа и грешките) потешко се отстрануваат. Ако вашата вештина не е на завидно ниво, а имате малку време за шминкање, најчиста и најбрза линија со совршено крило ќе нацртате со туш фломастер.

Од друга страна, ако добро владеете со четка и можете да процените колку производ ви е потребен, најефикасен е гел тушот. Совршено го заокружува секој smokey eye, обезбедува апсолутно неодолив и смел поглед, не се размачкува по нанесувањето, а текстурата и четката овозможуваат совршена прецизност и леснотија на движење.

Сите големи предности и мали недостатоци!

Моливот за очи е идеален за почетници, потезите се лесни за контрола, а можноста за грешка е помала и брзо може да се поправи. Ако не го острите редовно, треба да знаете дека грешите! Со користење на острилка ќе ги отстраните бактериите од површината, а нацртаната линија ќе биде многу потенка, попрецизна и ќе биде поблиску до коренот на трепките, а тоа ќе го направи целиот мејкап изглед да биде поприроден.

Тушот за очи остава интензивен пигмент, но бара поголема умешност. Грешките потешко се поправат, но откако ќе ја пронајдете вистинската техника, тешко ќе можете да одолеете. Текстурата е нежна и буквално се лизга преку очниот капак и не предизвикува црвенило што може да се појави по употребата на молив за очи.