Време е да ја запознаете новата маскара L’Oréal Paris PRO XXL Lift!
Маскарата, според мислењето на многумина е најважниот мејкап производ без кој не можеме да замислиме ниту еден мејкап изглед. Најголем број на жени нанесуваат маскара секој ден, а повеќето користат маскара како единствен производ во рутината за шминкање. Да, толку многу е важна маскарата!
Сигурна сум дека секоја од нас сонува за подигнати и закривени трепки како од салон за убавина, затоа време е да се запознаете со новата маскара L’Oréal Paris PRO XXL Lift, која ќе ја обожавате во секоја смисла на зборот!
Што ја краси новата L’Oréal Paris PRO XXL Lift маскара?
Дали би го замениле одењето во салон за убавина за подигнување на трепките со новата маскара L’Oréal Paris PRO XXL Lift?
Веројатно сте една од оние кои во својот несесер ја имаат омилената маскара, но оваа двострана маскара од брендот L’Oréal Paris е нешто што дефинитивно мора да го пробате.
Новата маскара PRO XXL Lift ќе ви даде подигнати и закривени трепки, исто како штотуку да сте излегле од салон за убавина. Да, можно е! Трепките ќе добијат волумен, а во исто време ќе бидат подигнати и закривени. Без размачкување, без ронење и без грутки!
View this post on Instagram
Се нанесува во само 2 едноставни чекори!
Чекор 1: Со помош на едната страна од маскарата добивате до 17 пати повеќе волумен.
Чекор 2: Потоа, употребете го закривениот апликатор за закривување на трепките дури за 20 степени, а воедно и за постигнување на ефект на подигнати трепки.
Резултат? 24 часа подигнати трепки!
Каде и да сте, можете да имате ефект на подигнати трепки исто како од салон за убавина! Новитетот од L’Oréal Paris морате да го пробате! Верувам дека потоа ќе го вклучите во вашите омилени производи за шминка.
View this post on Instagram