Mирис за новата генерација со кој ќе го освоите светот! Lancôme Idôle

Lancôme го претстави својот нов парфем за жени Idôle, заедно со новото заштитно лице на брендот, американска актерка, пејачка и модна икона на новото време – Zendaya Coleman.

Idôle шишенцето е едно од најтенките во светот на парфемите!

Моќен и благ, свеж и заводлив, Lancôme Idôle е мирис на самодовербата и на женственоста со кој ќе го освоите светот. Lancôme Idôle отелотворува нова оригинална визија за успех – визија која не раздвојува, туку обединува и оди уште подалеку. Дополнително, шишенцето на Idôle, дизајнирано од архитектот и индустриски дизајнер Chafik Gasmi го одликува технички развој и иновација. Шишенцето е со дебелина од само 15 мм и едно е од најтенките во светот на парфемите.

Idôle носи чувство на „чистота и сјај“

Новиот мошусен и цветен chypre мирис го создадоа три парфимерки – Shyamala Maisondieu, Adriana Medina и Nadège Le Garlantezec. Есенцијата на латици од роза која се одгледува во турската провинција Испратра се произведува исклучиво за Lancôme. Со градинарските рози растени во Франција совршено се вклопуваат нотите на бергамот, круша и јасмин од Индија и носат чувство на „чистота и сјај“ – со која секоја жена може да ја започне својата приказна.

Zendaya Coleman – Idôle мириса апсолутно неодоливо и поради тоа го обожавам!

„Драго ми е што го претставувам овој нов парфем на Lancôme. Idôle е мирис со значење. Сакам свежи и лесни парфеми. Пребирлива сум кога станува збор за парфемите, а Idôle мириса апсолутно неодоливо и поради тоа го обожавам“, изјави актерката и пејачката Zendaya Coleman, која е заштитно лице на мирис.

Lancôme – Успеавме да создадеме мирис за новата генерација на жени!

Од Lancôme велат – „Успеавме да создадеме мирис за новата генерација на жени кои не прифаќаат статус кво, се ослободуваат од традициите и го менуваат поимот за успех. Оваа нова самодоверба која ги поврзува и со која растат ги охрабрува секогаш да одат едно скалило повисоко. Lancôme стратешки го промовира Idôle и големо задоволство ни е што му го претставиме на светот заедно со Zendaya“.

Idôle е достапен во шишенца од 25, 50 и 75 мл, како Eau de Parfum.

Новиот парфем Lancôme Idôle беше претставен во Париз, а во парфимериите ќе биде достапен од 22 Август 2019 година.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *