- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Новата сезона ќе донесе многу новитети, а еден од нив е Glow Play Blush од брендот MAC Cosmetics. Овие нови руменила не се со стандардна формула како компактна пудра. Имаат кремаста формула и наликуваат на гел. Тие се свиленкасти, меки и најдобар ефект се постигнува кога се нанесуваат со прсти. Верувам дека ќе бидат одлични пријатели за шминкање на брзина.

Glow Play доаѓа во 11 нежни нијанси, од праскаста како Cheer Up до светло-розова Heat Index и виолетова Rosy Does It. Сигурно нема да имате проблем да пронајдете нијанса што одговара на вашиот тон на кожа или можеби ќе посакате да поиграте со некоја нова суптилна нијанса. Glow Play руменилото ќе биде постојано на вашето лице до осум часа на ден. Секоја нијанса може да се носи самостојно или може да се надоградува и спари со друга нијанса за поживописен изглед.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M•A•C Skopje City Mall (@mac.skopje) on

Glow Play руменилото има свиленкасто мазна формула!

Руменило кое е наменето да создаде ултра свеж изглед, Glow Play има гел текстура која беспрекорно лизга по кожата. Оваа формула е рафинирана, свиленкасто мазна, блескава и забавна за нанесување, без оглед дали користите една или две нијанси. Glow Play руменилото нема да се исуши, така што без грижа може да го ставите во торба и да заблескате во движење.

- Реклама -

За природен изглед, се препорачува руменилото да го нанесете со прсти на образите, а за обезбедување на гламурозен ефект користите четка за шминка. Корисниците и бјути блогерките имаа само позитивни реакции за овој производ, кој собира чисти петки во нивните рецензии. Доколку сакате да го испробате, Glow Play Blush е достапен во продажното место MAC во Сити Мол.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by M·A·C Cosmetics (@maccosmetics) on