MAC има нови производи за очи кои целосно нè воодушевија!
Во MAC се водат од тезата дека убавината е во окото на гледачот и затоа големо внимание посветуваат на очите. Меѓу новите производи за шминка за очи и веѓи, омилените Dazzleshadow сенки за очи познати по богатиот пигмент, сега доаѓаат во нови блескави нијанси.
Dazzleshadow сенки за очи!
Dazzleshadow Extreme сенките за очи се полни со металик сјај и само со едно нанесување со четка ќе изгледате како да сте стопиле метал на очните капаци. Новите Dazzleshadow сенки за очи може да ги најдете во повеќе нијанси, а за оние кои сакаат да направат сопствена палета, MAC има празни пакувања во кои може да ги сложите омилените нијанси.
Eye Brows Big Boost Fibre гел за веѓи!
Се разбира, покрај очите дојде ред и на веѓите. Од MAC осмислија нов MAC Eye Brows Big Boost Fibre гел за веѓи кој на веѓите ќе им даде дополнителен волумен и пополнетост, особено ако се тенки. Се работи за гел кој ќе ги пополни природните веѓи, а ако го нанесете неколку пати ќе добиете богати веѓи полни со волумен. Гелот доаѓа во осум прекрасни нијанси.