- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

- Реклама -

Pasha de Cartier е класичен мирис на лаванда и пачули претставен во 1992 година и именуван по часовникот Pasha, легендарното парче накит од Cartier од 1985 година. Покрај изданието Noir – модерен мирис  со зелени и цитрусни ноти, килибар и кедар и изданието Edition Noire Sport – енергичен мирис со цитрус, морски акорди и кедар, новото издание Pasha de Cartier Parfum претставува современа и интензивна верзија.

Храбар, софистициран и моќен!

Парфемот Pasha de Cartier наменет е за современи и елегантни мажи – оние кои сакаат да останат забележани. Го красат епитети како што се: храбар, софистициран и моќен. Мирисот е модерна верзија на оригиналот во парфемска концентрација која обезбедува дополнителна длабочина, интензитет и постојаност.

Користени се најдобри состојки од целиот свет!

Современата композиција на Pasha de Cartier Parfum е со дрвенести и килибарни карактеристики каде се вклучени ноти од пачули, сандалово дрво, смола од ела, бензоин и тонка зрно. Мирсината креација е потпишана од парфимерката на Cartier, Mathilde Laurent. Mathilde во новата креација се обиде да ја зачува карактеристичната ароматична основа на мирисот Pasha, но успеа да создаде нова приказна со дрвенести и килибарни ноти користејќи најдобри состојки од целиот свет.

- Реклама -

Дизајн инспириран од часовникот со истото име!

При креирањето на новата верзија на парфемот посебно внимание беше посветено на дизајнот на шишето. Тоа е инспирирано од часовникот со истото име, сега со син сафирен камен – единствен симбол на Cartier.

Pasha Parfum е блескав и софистициран машки мирис кој никого нема да остави рамнодушен, како и неговиот сопственик кој никогаш нема да помине незабележан.

Pasha Parfum е достапен во количини од 50 и 100 мл, како Parfum.