При извршувањето на секојдневните обврски, шминката е вашиот најголем сојузник, алатка која ви овозможува да го истакнете она што најмногу ви се допаѓа на вашето лице и затоа ви треба маскара што максимално ги подигнува вашите трепки, за да може да го дочекате секој ден целосно подготвена.
Маскарата Rise and Shine од Max Factor ќе биде вашата нова алатка за трепки кои ќе достигнат нови височини!
Волумен и подигнување во еден потег!
Max Factor Rise and Shine маскарата е дизајнирана да одговори на специфичните потреби на жените кои сакаат да ги истакнат, наместо да ги трансформираат своите очите. Лесна за употреба, обезбедува моментално видливи резултати, маскарата е оној чекор во шминкањето кој го усовршува секој изглед.
Четката во форма на песочен часовник помага да се подигне секоја индивидуална трепка, додека богатата луксузна формула е дизајнирана да го зголеми нивниот волумен.
Енергетска мешавина на Витамин Е и протеини!
Max Factor Rise and Shine маскарата има формулата која содржи колаген и кератин за зајакнување на трепките, потоа оптимална мешавина од восоци и полимери за ефикасно подигнување на трепките и зголемување на нивниот волумен, како и хранлив Витамин Е кој во исто време ги прави трепките флексибилни.
Мејкап артистите ве советуваат!
За најдобри резултати, нанесете маскара како прв чекор пред другата шминка, така што лесно ќе можете да ги отстраните сите грешки. За максимално подигнати и дефинирани трепки, доближете ја четката до коренот на трепките и повлечете нагоре спрема врвовите со цик-цак движења. За најдобри резултати на долните трепки, држете ја четката хоризонтално и користете го нејзиниот врв за да ја обликувате секоја трепка.